-2.6 C
Pehčevo

    Започна изградбата на канализационата мрежа во индустриската зона м.в Чуката

    Датум:

    Започна изградбата на комуналната инфраструктура на индустриската зона м.в Чуката - Пехчево, поточно фекална канализација со прочистителна станица за отпадни води.

    Започна изградбата на комуналната инфраструктура на индустриската зона м.в Чуката – Пехчево, поточно фекална канализација со прочистителна станица за отпадни води.

    Средствата за изградба на фекалната канализација со прочистителна станица за отпадни води, се обезбедени од страна на Министерството за транспорт и врски и општина Пехчево, со вкупна вредност од 3 092 359 денари.

    Започна изградбата на комуналната инфраструктура на индустриската зона м.в Чуката - Пехчево, поточно фекална канализација со прочистителна станица за отпадни води.

    Со поставувањето и на канализационата мрежа зоната ќе добие категорија на висока инфраструктурна уреденост, спремна да ги пречека новите инвеститори.

    Во индустриската зона Чуката има водовод, но за изградбата на комплетната инфраструктура во зоната планираме да инвестираме многу средства, со што ќе се прошири сообраќајницата, ќе се изгради водоводна инсталација, атмосферска и фекална канализација, електроенергетска мрежа, телекомуникациска инфраструктура, како и улично осветлување. Со тоа Чуката ќе стане функционална целина која со своите карактеристики ќе може да им посака добредојде на сите потенцијални инвеститори во Пехчево. Местото на кое е лоцирана зоната на потенцијалните инвеститори ќе им овозможи добра комуникација со соседна Република Бугарија, рече градоначалникот Поповски.

    Поповски истакна дека при крајот на месец септември ќе се изврши лицитирањето на 5 градежни парцели кои се со различна големина на индустриската зона Чуката.

    Индустриската зона Чуката се наоѓа на површина од 8 хектари и е дел од градот Пехчево и според урбанистичкиот план е со намена Г2 – лесна и незагадувачка индустрија.

    Започна изградбата на комуналната инфраструктура на индустриската зона м.в Чуката - Пехчево, поточно фекална канализација со прочистителна станица за отпадни води.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...