4.6 C
Pehčevo

    Започна реконструкцијата на старата училишна зграда, каде ќе бидат сместени дисперзираните паралелки на беровската гимназија „Ацо Русковски“

    Датум:

    Во Пехчево започна реконструкцијата на старата училишна зграда, каде ќе бидат сместени дисперзираните паралелки на беровската гимназија „Ацо Русковски“.

    Во Пехчево започна реконструкцијата на старата училишна зграда, каде ќе бидат сместени дисперзираните паралелки на беровската гимназија „Ацо Русковски“.

    -Ова е прва реконструкција на овој училишен објект од неговата изградба. Ќе се реконструира буквално на сите позиции – покривот, прозорите, подовите, односно ќе добиеме современо училиште. Ова значи дека ќе ја вратиме образовната функција на старата училишна зграда. Средствата во целост ги обезбеди Министерството за образование и наука со вкупна вредност од 9 милиони денари, истакна Живко Каликов.

    Во гимназијата СОУ „Ацо Русковски“ – Берово, дисперзираните паралелки во Пехчево учат 140 деца кои слушаат настава во 7 паралелки.

    -Досега наставата се следеше во училници од деветолетката пру ООУ. „Ванчо Китанов“-Пехчево. Со реализацијата на овој проект ќе се реши големот проблем и за учениците и за наставниот кадар, што ќе значи  подобри услови за работа, додава Каликов.

    Во Пехчево започна реконструкцијата на старата училишна зграда, каде ќе бидат сместени дисперзираните паралелки на беровската гимназија „Ацо Русковски“.

    Изведувач на градежните работи е фирмата Алдинг Инжинеринг ДООЕЛ Скопје, а според најавите, градежните работи на старата училишна зграда треба да завршат до крајот на летото, а новата учебна година пехчевските средношколци ќе ја започнат во нови училници.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...