11.8 C
Pehčevo

    Започна одбележувањето на трасата за реконструкција на осум улици во Пехчево

    Датум:

    Во Пехчево започна одбележувањето на трасата на 8те улици во градот, а наскоро се очекува да почнат и градежните работи за реконсрукција на иститеВо Пехчево започна одбележувањето на трасата на 8 те улици во градот, а наскоро се очекува да почнат и градежните работи за реконсрукција на истите, проект кој е вреден 260 илјади евра, а грант средствата се обезбедени од Европската унија преку ИПА претпристапните фондови,а истите се администрирани според правилата на Светска банка.

    Градоначалникот Игор Поповски, кој направи увид на стартот на работата на фирмата „Жикол“, која го добила тендерот за реконструкција, истакна дека ќе се реконструираат  осумте најоштетени улици во должина од 3 км и кои не виделе нов асфалт повеќе од три децении.

    -Од оваа недела започнавме со обележување на трасата на 8-те улици и очекуваме да бидат завршени согласно со договорената динамика со изведувачот. Во Пехчево ќе се реконструираат улиците „Моша Пијаде“, „Гоце Делчев“, „Маршал Тито“, „Ванчо Китанов“„Страшо Пинџур“ „Првомајска“, „Пиринска“ и „Буковиќ“. Овие уици ќе бидат комплетно реконструирани, со нов асфалт и дополнително ќе бидат поставени и тротоари од едната страна, рече Поповски.

    Реконструкцијата на улиците треба да заврши за 4 месеци.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    ADRISKY

     Пехчево домаќин на третиот проектен состанок на ADRISKY Општина...

    Донација на книги во ОУМБ “Кочо Рацин“- Пехчево

    Општина Пехчево, зa локалната Библиотека, обезбеди донација од американската...

    Дневен ред за 38-ма седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Одлука за Неспроведување на стратегиска оцена за плански документ

    Врз основа на член 65, став (6) од Законот...