-1.6 C
Pehčevo

    Започна новогодишното украсување во централното градско подрачје во Пехчево

    Датум:

    Новогодишно украсување

    Во новогодишен сјај ќе блесне плоштадот Св.Петар и Павле во Пехчево. Служби од локалната самоуправа започнаа со украсување и декорирање по повод новогодишните и божикните празници, чија што главна цел е да понуди свечени и естетски решенија на плоштадот и централното градско подрачје.

    Најразновидни светилки, светлосни фигури, дедомразовци, снешковци и многу други украси годинава се очекува да го разубават периодот околу новогодишните и божиќните празнувања во центарот на Пехчево.

    Оваа година ќе биде поставена и централна новогодишна елка со светлосни и други украсни елементи.

    Инаку, деновиве во соработка со Хотел Гогов беше украсено и на просторот пред хотелот, а ќе се краси и околу административната зграда на општината.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 33-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...