0.9 C
Pehčevo

    Започна наставата во реконструираната стара училишна зграда во Пехчево

    Датум:

    Започна наставата во реконструираната стара зграда во Пехчево, каде од денеска настава ќе следат учениците од пехчевските дисперзирани паралелки на општинското средно училиште „Ацо Русковски“
    Започна наставата во реконструираната стара зграда во Пехчево, каде од денеска настава ќе следат учениците од пехчевските дисперзирани паралелки на општинското средно училиште „Ацо Русковски“

    Започна наставата во реконструираната стара зграда во Пехчево, каде од денеска настава ќе следат учениците од пехчевските дисперзирани паралелки на општинското средно училиште  „Ацо Русковски“ – Берово.

    По извршената реконструкција на старата осмолетка во Пехчево која скоро половина век пропаѓаше без да има никаква намена, сто десет ученици од дисперзираните паралелки во Пехчево од денеска имаат современи услови за настава.

    Директорот на СОУ „Ацо Русковски“ Берово, Гоце Џалевски, истакна дека учениците добија 6 нови училници и библиотека и една наставничка канцеларија.

    – На наше општо задоволство започнавме со настава во оваа сега нова зграда. Имаме 6 паралелки, а условите за работа се одлични се надеваме дека со оваа нова зграда ќе се зголеми бројот на ученици и интересот за останување во својата матична општина за учење ќе биде поголем , а самото тоа што овде ќе учат само средношколци за нив значи подобри услови за учење и образување, рече Џалевски.

    Започна наставата во реконструираната стара зграда во Пехчево, каде од денеска настава ќе следат учениците од пехчевските дисперзирани паралелки на општинското средно училиште „Ацо Русковски“
    Започна наставата во реконструираната стара зграда во Пехчево, каде од денеска настава ќе следат учениците од пехчевските дисперзирани паралелки на општинското средно училиште „Ацо Русковски“

    Градоначалникот на Пехчево Игор Поповски, истакна дека средствата за реконструкција на старата зграда се во висина од 9 милиони денари, а се обезбедени од Министерството за образование.

    – Условите за работа овде сега се одлични. Досега нашите средношколци учеа во деветолетката, а со оваа инвестиција, сега и се овозможува на пехчевската деветолетка да формира кабинетска настава, така што ние како општина успеавме да создадеме современи услови за одвивање на настава во Пехчево, рече Поповски.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...