1.6 C
Pehčevo

    Започна изградбата на канализација во с.Чифлик

    Датум:

    Започнаа градежните работи за изградба на колекторски систем во с.Чифлик - Пехчево.

    Започнаа градежните работи за изградба на колекторски систем во с.Чифлик – Пехчево. Инвестицијата е вредна околу 5.882.143 денари, а се обезбедени преку Бирото за рамномерен регионален развој 5 милони денари,  додека општина Пехчево учествува со 15 % од вкупната вредност односно со 882.143 денари.

    Градоначалникот на општина Пехчево Игор Поповски и директорката на Источно плански регион, г-ѓа Драгица Здравева, беа во посета на с.Чифлик, каде што е во тек изградбата, упатија апел за соработка како би можело работите да се одвиваат непречено бидејќи крајниот бенефет ќе го имаат токму граѓаните на населените места низ кои поминува системот.

    Целокупниот проект го имплементира Центарот за развој на Источно плански регион, а изведувач е СД Транс – Делчево.

    Наредната година ќе биде завршена целосната изградба на колекторскиот систем.

                                

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...