-0.7 C
Pehčevo

    Започна фестивалот на шумите во Малешевијата

    Датум:

    Со промоција на книги во Пехчево од областа на малешевското богатство, шумите и шумските плодови, започна тридневниот фестивал на шумите во Малешевијата.
    Форест фест
    Во Матичната библиотека „Кочо Рацин“ во Пехчево попладнево се промовирани книгите „ 99 билки и бобинки” од Стојан Арменски  и „Од суар до труп и од магаре до круп” од Бранко Марковски, и двајцата автори по потекло од Малешевијата.
    Во книгата „99 билки и бобинки“ од авторот Стојан Арменски е претставено дел од она што можеме да го најдеме во Малешевијата, регион кој е еколошки чист и кој изобилува со многу лековити билки и шумски плодови. Промоторот на книгата, Војо Соколовски, инаку, претстедател на Здружението на приватни сопственици на шуми, истакна дека во книгата е даден краток осврт на  99 билки и шумски плодови и за секое растение е даден негов опис, како се обработува за што се користи.
    -Можат да истакнам дека авторот има голема љубов кон природата. Тој не е биолог, туку е градежен инженер и ова е негова прва книга, која има големо значење.  Здружението на приватни сопственици на шуми го печатеше првото издание, а сега планираме и второ порад големиот интерес, но мора да кажам дека очекуваме наскоро да излезе од печат и англиската верзија на книгата. Оваа книга може да биде добар патоказ за секој љубител на природата, рече Соколовски.
    Книгата „Од суар до труп од магаре до круп“на авторот Бранко Марковски е книгата, каде главната тема се вистинските приказни за духот на градот Берово и борбата за егзистенција на Малешевци преку собирање дрва.Авторот Марковски истакна дека насловот на книгата  го потенцира развојот на дрварството, од 20-те години на минатиот век, па сѐ до современиот начин на експлоатација на дрвата.
    -Дрварите, магаришчарите ми беа симпатична група на луѓе  кои уште како дете ги набљудував. Тие одеа по дрва со магарињата. Книгата го опишува развојот на технологијата на производство на дрва, од суар, како стебло до трупецот, кој оди во индустриско производство и од магарето како превозно средство, до современите товарни возила круп, рече Марковски.
    Инаку, ова дело на Марковски е трета книга од трилогијата за Малешевијатакаде главна тема се вистинските приказни за духот на градот и беровци. Тој е автор и на книгите „Шчо рекоа и на шчо се смејаа Беровци “ и  „ Берово – Алманах низ времињата“.
    Форес фест
    Инаку, фестивалот на шумите продолжи со Форумот за презентација на резултатите од проектот на НЗСПШ „Еколошко прифатливи техники за намалување на екстремните процеси на ерозија во опожарени шуми, по што во кафе бар Ким следуваше промоција на видеа подготвени во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија.
    Форест фест
    Утре на Беровско Езеро ќе биде централниот дел на манифестацијата , каде ќе има натпревар во шумарски вештини и промоција на локалните производи.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...