0.7 C
Pehčevo

    Започна асфалтирањето на улицата „Буковик“ во Пехчево

    Датум:

    DSCN3873

    Градежните екипи на фирмата „Жикол“-Струмица денеска започнаа со асфалтирањето на улицата Буковик, каде ќе нанесат нов асфалтен слој. По завршувањето на асфалтирањето на Буковик, градежните работи ќе се префрлат на другите 7 улици.

    DSCN3892

    Градоначалникот Поповски при посетата и средбата со жителите на овие улици истакна дека асфалтирањето и обновувањето на улиците е приоритет на локалната самоуправа.

    -Асфалтирањето, реконструирањето и обновување на сообраќајната мрежа во градот е наш приоритет. Не смееме да дозволиме граѓаните во 21-век да газат кал и да возат по лоши улици и затоа како градоначалник работам се што е во наша моќ да асфалтираме и обновиме што повеќе улици во општината, истакна Поповски.

    DSCN3899

    Жителите на овие улици велат дека предолго чекале за реконструкција и асфарлтирање на овие улици, но и дека се задоволни од превземените активности од страна на општината.

    Инаку, улиците се во должина од околу 3 километри. Ќе биде поставен асфалтен слој, а претходно се рушеа десетина стари градби кои ја попречуваа изградбата на улиците. Проектот е вреден 260 илјади евра, а грант средствата се обезбедени од Европската унија преку ИПА претпристапните фондови,а истите се администрирани според правилата на Светска банка.

    Асфалтирањето на улиците треба да заврши до крајот на летото.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...