1.7 C
Pehčevo

    Започна асфалтирањето на дел од Ул. “1” во индустриската зона ЧУКАТА во Пехчево

    Датум:

    Чуката Асфалт

    Во Пехчево во тек се градежните активности околу поставување на асфалт во индустриската зона „Чуката „ каде ќе биде асфалтирана главната улица во должина од 120 метри, ширина на коловозот од 7м, а деновиве ќе започне и изградбата на тротоарски патеки од двете страни на патот.

    Чуката Асфалт2

    На асфалтирањето лично присуствуваше и градоначалникот Драган Тренчовски кој истакнува дека изградбата на улицата е во насока на подобрување на условите за работа на постоечките стопански субјекти и создавање на предуслови за привлекување и отворање на нови капацитети.

    „Со асфалтирањето на дел од улицата во индустриската зона го докажуваме нашиот континуитет и заложбите за инвестиции во индустриската зона односно за целата патна и комунална инфраструктура во индустриската зона со што на сите оние кои дошле во индустриската зона Чуката, купиле своја градежна парцела и изградиле, да им овозможиме што посоодветни услови.
    -Тоа значи и дополнителен инпут за нови инвеститори, што се во најава и ќе значи и нови работни места, со што ќе го намалиме бројот на невработени лица во општината и се разбира и во регионот. Имаме и најава и за изградба на спортски комплекс. Тој спортски комплекс ќе содржи базен, две тениски игралишта, две функционални игралишта, други придружни објекти, што ќе бидат од огромно значење пред се за развој на туризмот во Пехчево, рече Тренчoвски.

    Чуката Асфалт1

    Инаку, проектот се имплементира преку Центарот за развој на Источен плански регион – Штип со финансиски средства обезбедени преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2018 год. на Биро за регионален развој, Министерство за локална самоуправа и дополнително кофинансирање од страна на општина Пехчево.

    Вкупната вредност на проектот изнесува 2,791,500.00 денари.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...