-2.6 C
Pehčevo

    Заменик министерот Костадиновски во посета на сточарите во Пехчево

    Датум:

    Заменик министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство  Дејан Рунтевски при посетата на Пехчево разговараа со сточарите за добиточнета болест „син јазик„.

    Заменик министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство  Дејан Рунтевски при посетата на Пехчево разговараа со сточарите за добиточнета болест „син јазик„.

    Од сточарите беа информирани дека болеста сериозно го има загрозено добиточниот фонд и оти доколку продолжи нејзиното ширење ќе се намали и производството на млеко и млечни производи и извозот на јагниња.

    – Состојбата е дотолку сериозна што болеста „син јазик“ синиот јазик ги има зафатено подрачјето, не само на Мелешевијата, туку и на територијата на целата држава. Според досегашните пријави од над илјада одгледувачи на овци, има над 6.000  угинати грла овци, изјави заменик-министерот за земјоделство Ванчо Костадиновски.

    Заменик министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство  Дејан Рунтевски при посетата на Пехчево разговараа со сточарите за добиточнета болест „син јазик„.

    Тој очекува дека со падот на температурите ќе се намали ширењето на болеста бидејќи таа се пренесува преку мушички кои не се отпорни на пониски температури.

    – Одгледувачите на овци најмногу не прашуваа за превентивните мерки. Ги советувавме штом ќе забележат симптоми, веднаш да ги алармираат ветеринарните станици и да ги изолираат заразните грла, а по можност да ги стават во карантин, бидејќи заразата ја пренесуваат мушичките со каснување од болно на здраво грло, истакна Костадиновски.

    Според директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, штетите од болеста доколку продолжи со сегашното темпо ќе се мултиплицираат со намалено производство на млеко и млечни производи, намален прираст на сточниот фонд и намален извоз на јагниња.

    -Преземаме се што е во наша моќ да го спречиме ширењето на оваа заразна болест со која е зафатена нашата држава, но и државите од соседството и поширокиот регион, изјави Рунтевски.

    На средбата сточарите беа информирани дека ресорното Министерство заедно со Агенцијата за ветеринарство наскоро ќе предложат конкретни мерки да се засили борбата против оваа болест и да се обештетат фармерите.

    Во рамки на работната посета на Пехчево, заменик министерот Костадиновски и директорот Рунтевски остварија средба и со градоначалникот Игор Поповски  на која стана збор за меѓусебната соработка на општината со надлежните државни органи и институции за намалување на последиците од болеста.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...