-0.7 C
Pehčevo

    Во завршна фаза е електрификацијата на туристичката населба Равна река

    Датум:

    Mesnosta vikano Baraki
    Електрификацијата на туристичката населба Равна Река во Пехчево ќе заврши до крајот на септември, а во моментов граѓаните кои имаат викенд куќи или планираат да градат на овој локалитет поднесуваат барања до ЕВН КЕЦ Делчево за приклучување на објектите за електрична енергија.
    Ова денеска на прес-конференција го истакна Живко Каликов , соработник за односи со јавноста во Општина Пехчево кој доаде дека со електрификацијата се решава најгорливиот проблем за развој на туристичката населба во Пехчево.
     – На наше огромно задоволство, можеме да ја инфромираме јавноста дека започнува постапка за приклучување на објектите за електрична енергија што значи дека во оваа туристичка населба конечно ќе светна светилките. Граѓаните треба да се обратат во ЕВН КЕЦ Делчево за  информација при поднесување документација за приклучок на ел.енергија до сопствените објекти.
    Равна река
    Туристичката населба Равна Река е на 10 км од Пехчево во предел богат со густа шума и покрај водопадите на изворите на Бергалница, а со самата електрификација се зголемува атрактивноста на ликалитетот, потенцираше Каликов.
    – На Равна Река досега има изградено 50-ина објекти, а според ДУП овде е планирана изградба на 350 викенд куќи, хотели и ресторани. Интересот за купување плацеви во Равна Река е голем,  ние очекуваме дека со електрификацијата уште повеќе ќе се зголеми интересот , но и атрактивноса на населбата, истакна Каликов.
    Вредноста на инвестицијата за електрификација на оваа туристичка населба која е адут за развој на туризмот изнесува над 600 илјади евра, а средствата ги обезбедува ЕВН.
    Освен, електрификацијата, Пехчево го решава и проблемот со канализацијата на населбата, проект вреден 250 илјади евра обебзедени од Владата.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...