2.5 C
Pehčevo

    Во Пехчево ќе се гради улицата „7 Септември“ со пари од државниот буџет

    Датум:

    Министерот без ресор Аксел Ахмедовски саботата престојуваше во работна посета на општина Пехчево каде оствари средба со градоначалникот Драган Тренчовски и со жителите на улицата 7 Септември.

    Улица 7 Септември

    Тој разговараше со градоначалникот за тековните и идни проекти поврзани со општина Пехчево. При престојот во Пехчево министерот без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата на ромите, заедно со градоначалникот извршија увид на моменталната состојба на улицата „7 Септември“ , каде за краток временски период планирано е да се започне со изградба на улицата.

    Градоначалникот Тренчовски посочи дека локалната самоуправа инвестира во подобрување на патната инфраструктура, осветлувањето, поставување на бекатон плочки и додаде дека наскоро жителите на улицата 7 Септември конечно ќе добијат нова уредена улица.

    Тренчовски истакна дека е задоволен од досегашната соработка со Министерот без ресор Аксел Ахмедовски задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија, чија цел е подобрување на инфраструктурните услови во општината, а со тоа и квалитетот на живот на граѓаните од ромска националност како и на сите жители во Општината.

    Освен најавата за изградба на оваа улица, со средства обезбедени со Министерството за транспорт и врски со Одлука за распределба на средства од Буџетот на Република Македонија за 2018 година за подршка на имплементација на декадата и Стратегијата на Ромите, преку Акциониот план за ромите во општина Пехчево, во село Црник заврши изградбата на улицата од подрачното училиште Ванчо Китанов се до центарот на селото.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...