-0.6 C
Pehčevo

    Во Пехчево кампања за климатските промени „Климата се менува, од нас зависи”

    Датум:

    Денеска во центарот на Пехчево беше реализирана втората кампања на  Проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени, спроведуван од Милиеуконтакт Македонија.

    Во центарот на Пехчево денеска беше реализирана втората кампања на Проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени, спроведуван од Милиеуконтакт Македонија.

    Целта на оваа кампања, изјави денеска Радмила Славкова координатор на проектот, е подигнување на јавната свест и поддршка во борбата против климатските промени под мотото „Климата се менува, од нас зависи”.

    – Кампањата е насочена кон целокупната локална јавност. На настаните посетителите ќе имаат можност преку едукативни материјали, брошури и дискусии одблизу да се запознаат со климатските промени, нивните негативни ефекти врз животната средина, како и начините за нивно ублажување и адаптација, преку промени во секојдневните навики на секој поединец. Нашата порака е: предизвиците од климатските промени се најголема закана за нашата планета и иднината на новите генерации. Тие го засегаат секој поединец и затоа секој од нас треба да биде дел од решението, рече Славкова.

    Пехчево е првата општина во државава која со поддршка на Милеуконтакт Македонија и УСАИД  изработи долгорочна стратегија за климатските проемни.

    Во центарот на Пехчево денеска беше реализирана втората кампања на Проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени, спроведуван од Милиеуконтакт Македонија.

    Градоначалникот Игор Поповски, кој беше присутен на настанот, потенцираше дека остануваат уште неколку чекори за реализација  предвидени во стратегијата.

    –  Со задоволство можам да кажам дека сериозно пристапуваме кон реализацијата на активностите предвидени во стартегијата. Успеавме сите објекти на јавните установи да ги направиме енергетски ефикасни, греењето во објектите се заменува со печки на пелети, како што е инсталирање на печки на пелети во градинката, во основното училиште и ред други активности со што ние значително го намалуваме процентот на ЦО2 во атмосферата. Со истото темпо на реализација ќе продолжиме и во идниот период, рече Поповски.

    Инаку, вакви  еднодневни настани ќе бидат спроведени во десетте општини кои се дел од проектот, освен Пехчево, активности ќе се спорведат и во Студеничани,  Делчево, Виница, Богданци, Кривогаштани, Прилеп, Боговиње, Маврово и Ростуше и Теарце. Кампањата ќе заврши  до  22 октомври.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...