4.3 C
Pehčevo

    Видео отчет – Довербата од граѓаните значеше и обврска да го оствариме она што го ветивме пред граѓаните

    Датум:

    Почитувани сограѓани,
    Драги пријатели.

    Пред нас стои предизвикот да се реализира нашата заедничка програма, која вие ја верификувавте на последните локални избори.
    Во изминатиот период од мандатот што го добивме од нашите граѓани, посветено работевме во реализација на проектите што ги предвидовме за развој на нашата општина Пехчево. Довербата од граѓаните значеше и обврска да го оствариме она што го ветивме пред граѓаните и истовремено да работиме со полн капацитет на подобрување на патната инфраструктура преку изградба, реконструкција и рехабилитација на локални улици и патишта, изградба на канализациони мрежи, вложување во образованието и културата, инвестирање во обезбедување услови за спорт и рекреација, односно во подобрување на квалитетот за живот во општина Пехчево.
    Понудивме програма што ќе овозможи просперитет, стабилност и подобар живот. Со тоа денес гледајќи наназад со задоволство истакнувам дека во нашата општина за прв пат се поставени нови стандарди на локално раководење.
    Јас никогаш не сум ветувал чуда, но ветував напорна работа, а тоа го покажува и отчетот од кој јасно се гледа дека се што беше во изборната програма е 90 % проценти реализирано или започнато.
    Се обврзавме да го спроведеме ветеното, да го промениме ликот на локалната политика. Најголем дел од ветвањата ги реализиравме досега, како што реализиравме и проекти што не беа предвидени во програмата.
    Се реализираа многу проекти што го разубавеа нашето место, од секоја сфера на општественото живеење.
    Во изминатиот период покажавме дека успесите се достижни, понекогаш за нив треба труд и време.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...