6.7 C
Pehčevo

    Видео: Отчет на градоначалникот на општина Пехчево Игор Поповски

    Датум:

    Градоначалник ПехчевоПочитувани граѓани,
    драги пријатели

    Во изминатите месеци покажавме дека за нас програмата не е обично парче хартија, за нас програмата е наш завет и суштина на нашето постоење.
    Периодот што следуваше, по добивањето на мојот мандат и официјално започнавме со рализација на новата програма која во следните три години ќе придонесе за развој на локалната самоуправа според Вашите приоритети кои се наша обврска.
    Резултатите постигнати во изминатиов период претставуваат задоволство, но и одговорност.
    Три работи беа мојот врвен приоритет во првите месеци: континуитет на сите замислени проектни идеи; приоритетна динамика на почеток на реализација на планираните проекти со новата програма и остварување на ветените дела.
    Реализирани се многу проекти за една ипол година од мојот мандат, но реализирани се и проекти кои произлегоа како предлог од граѓаните и проекти кои се укажаа како можност од разни владини фондови.
    Токму затоа, продолжуваме со нашиот континуитет кој подразбира изработка на нови проекти секој ден и неуморно, со голема посветеност работиме на реализацијата на сите зацртани проекти кои ќе овозможат напредок во сите свери на нашето живеење.
    Огромно е задоволството, кога на терен Вашата искреност го потврдува нашиот успех. Нашите ветувања подразбираат резултати, а тие се насочени кон реализација на проекти за економски развој на нашата општина и подобри инфраструктурни услови.
    Мојата заложба за една ипол година од мојот мандат беше, отворање на нови работни места, намалување на невработеноста, се градеа нови патишта, атмосферски и канализациони линии, инвестиравме во младите и образованието, во културата, во спортот, животната средина и во урбаното живеење на граѓаните.
    Имаме уште многу проекти и многу работа. Благодарение на Вашата доверба продолжуваме заеднички да ја градиме нашата и иднината на новите генерации.

    Во духот на нашите заложби за транспарентност и отчетност, пред Вас, со гордо крената глава излегувам со овој видео отчет, во кој точно се наведени проектите кои се започнати и реализирани од добивањето на мојот мандат.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Втора форумска сесија за Буџет на Општина Пехчево за 2025 година

    По оддржувањето на втората форумска сесија за Буџет на...

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила за малите пешаци“

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила...

    Покана за втора форумска сесија за буџетот на Општина Пехечево за 2025

           Почитувани граѓани,        Вашето мислење е важно!        И Вие...