-2.6 C
Pehčevo

    Одбројуваме!!! Уште еден ден до стартот на Фестивалот на трубите- Пехчево 2014!

    Датум:

    Фестивал лого

    Од утре па се до 13 јули, Малешевијата ќе ечи од трубите до доцна во ноќта. Спектакуларната манифестација, единствена во земјава која ја негува музиката од дувачките инструменти ќе ги донесе најдобрите трубачи од Македонија кои ќе се натпреваруваат за да ја освојат златната труба и да обезбедат учество на најпознатиот балкански фестивал на трубите „Гуча 2014“.

    Фестивалот во Пехчево започнува утре во 18 часот, со дефиле на мажоретките од составот„Бижу“ од Благовград и дувачките орекстри кои настапуваат во првата вечер, а ќе продолжи наредните 3 вечери кои ќе бидат исполнети со многу музика и забава до доцна во ноќта. На сцената поставена на градскиот плоштад во Пехчево, ќе се натрпреваруваат 7 дувачки оркестри од Македонија. На 13 јули, денот Павловден, заштитникот на градот, на 30-тина штандови ќе биде изложена малешевската традиција преку Етно-саемот. Прогласувањето на победниците и натсвирувањето на финалистите е вечерта на Павловден.

    Освен дувачките оркестри, на сцената свои концерти ќе имаат : Анета и група Молика, Ефто Пупиновски, Танец, Драган Мијалковски, Мики Секуловски, Нели ти реков и културно- уметнички друштва од Македонија и Бугарија,како и ди-џеи од Македонија и Бугарија

    Инаку, виртуозноста на трубачите ќе ја оценува жири-комисијата составена од професори од Музичката академија, Васил Ристов, Илчо Јованов и Александар Парасков, наставник по музичко од Пехчево. Наградите за најдобрие се златна труба и учество на Гуча, кларинет и директно учество на Гуча и тапан.

    Градоначалникот на Пехчево, Игор Поповски, ги поканува сите љубители на добрата музика и забава да го посетат Пехчево истакнувајќи дека срцата на сите пехчевци чукаат во ритмот на музиката од трубите, музика која има долга традиција во Малешевијата. Според него, овој фестивал, кој станува традиционален и годинава го слави четвртиот роденен, не само што ја негува традицијата и дава нова светлина на Малешевијата, туку фестивалот е одлична можност за промоција на регионот и, со вака спакуван културен настан, се нуди на туристите испишувајќи нова страница на прекрасното Пехчево и Малешевијата.

    На плоштадот се закупени штандови за скара и пиво од локални угостители, но за прв пат и угостители од Пробиштип и Скопје, а Општина Пехчево преку својот информативен центар веќе обезбеди сместување на многу гости од сите краеви на Македонија и соседстсвото.

    Пехчево, подготвено ги очекува сите добронамерници и љубители на трубата.

    Во прилог ја доставуваме агендата на „Фестивалот на дувачките оркестри Пехчево 2014“. За да ја превземете АГЕНДАТА кликнете тука:klik

     

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...