-2 C
Pehčevo

    Успешно реализирана и последната фаза од проектот “Патронажна служба за помош и нега на стари и изнемоштени лица во домашни услови во општина Пехчево“

    Датум:

    Како резултат на успешната имплементација на проектот “Патронажна служба за помош и нега на стари и изнемоштени лица во домашни услови во општина Пехчево” 16 лица од Пехчево денес добија сертификати  за стекнати знаења, вештини и компетенции, односно Уверенија за асистенти за нега на стари лица во домашни услови.

    Како резултат на успешната имплементација на проектот "Патронажна служба за помош и нега на стари и изнемоштени лица во домашни услови во општина Пехчево" 16 лица од Пехчево денес добија сертификати за стекнати знаења, вештини и компетенции, односно Уверенија за асистенти за нега на стари лица во домашни услови.

    Доделувањето на официјалните сертификати за успешно завршената обука беше круна на двомесечната обука за асистенти за нега на стари лица во домашни услови спроведувана од страна на Здружението за унапредување на условите за грижа и сместување на стари и изнемогнати лица “ХУМАНОСТ” – Скопје, односно како едукативна компонента на проектот “Патронажна служба за помош и нега на стари и изнемоштени лица во домашни услови во општина Пехчево” реализиран во рамки на Програмата Општинско-корисна работа 2015 година и финансиски поддржан од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP) и општина Пехчево.

    Како резултат на успешната имплементација на проектот "Патронажна служба за помош и нега на стари и изнемоштени лица во домашни услови во општина Пехчево" 16 лица од Пехчево денес добија сертификати за стекнати знаења, вештини и компетенции, односно Уверенија за асистенти за нега на стари лица во домашни услови.

    Проектот “Патронажна служба за помош и нега на стари и изнемоштени лица во домашни услови во општина Пехчево” се реализираше во периодот 01.06.2015 – 30.11.2015 во сите населени места на територијата на општина Пехчево (во градот Пехчево и во 6 селски населби) при што беа опфатени 242 лица-крајни корисници.

    Партнери во имплементацијата на проектот покрај Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на Република Македонија се Организацијата на жени Пехчево од Пехчево, Здружението на пензионери од Пехчево, Здравствен дом од Пехчево и Здружението на граѓани Еколошко здружение “Кладенец” Пехчево.

    Стекнатите сертификати и практични знаења треба да придонесат за поголема конкурентност на невработените лица на локалниот пазар на труд во насока на зголемување на вработеноста во општина Пехчево, подигање на квалитетот на услугите кои се испорачуваат кон старите и изнемоштени лица во домашни услови, односно подобрување на мерките и активностите на социјалната заштита на територијата на општина Пехчево.

    Како нов квалитет на заложбите на општина Пехчево со надлежните институции и Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP) во доменот на социјалната заштита и особено во делот на грижата за старите лица, како дел од Програмата Општинско-корисна работа, за првпат во Република Македонија успешно се спроведе сертифицирана програма за обука за Асистенти за нега на стари лица во домашни услови одобрена од Министерството за труд и социјална политика и Министерството за образование и наука.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...