-1.8 C
Pehčevo

    Успешно реализиран проектот за заштита на животната средина во пограничниот регион меѓу општините Пехчево и Симитли

    Датум:

    Заеднички истражувања со цел апликативна примена во зачувување на природните ресурси и заштита на животната средина во пограничниот регион меѓу општините Пехчево и Симитли

    Општина Пехчево успешно го реализираше проектот „Заеднички истражувања со цел апликативна примена во зачувување на природните ресурси и заштита на животната средина во пограничниот регион меѓу општините Пехчево и Симитли’’.

    Во склоп на проектот финансиран преку ИПА програмата за меѓугранична соработка помеѓу Република Македонија и Бугарија, беше одржанa завршна прес конференција.

    zavr[na konferencija

    На прес конференцијата беа презентирани резултатите од проектот кој се реализираше во изминатите 15 месеци и беа промовирани следните чекори на соработка меѓу општините Пехчево и Симитли, а се потпиша и Меморандум за соработка за воспоставување на мрежа за мониторинг на опасностите врз животната средина во пограничниот регион.

    Во склоп на проектот ,, Заеднички истражувања со цел апликативна примена во зачувување на природните ресурси и заштита на животната средина во пограничниот регион меѓу општините Пехчево и Симитли ’’, финансиран преку ИПА програмата за меѓугранична соработка помеѓу Република Македонија и Бугарија, беше одржанa завршна прес конференција.

    Градоначалникот на општина Пехчево, Игор Поповски ги поздрави присутните гости од општина Симитли и истакна дека оваа соработка е основа за понатамошни партнерства.

    -Овој проект, со кој сме пионери во користењето на современите технологии во делот на зачувување на животната средина и успешно справување со природните непогоди е од голема важност за пограничниот регион, од кој дел се општините Пехчево и Симитли. Со реализација на овој проект се создаде база која ќе овозможи полесно справување со природните непогоди. Преку проектните истражувања се дефинираа областите кои се со зголемен ризик од природни непогоди, истакна градоначалникот Поповски.

    Самата проектна идеја е иновативна и моделот може да биде искористен во следниот период и од другите општини од пограничниот регион за еден интегрален регионален пристап во зачувување на природата.

    -Со реализација на проектните активности се зајакнаа капацитетите на претставниците на двете општини за користење на ГИС технологии во спроведувањето со непогодите, но уште поважно е што се зајакнаа меѓусебните контакти, што секако ќе биде можност за поинтензивна соработка во иднина, додаде Поповски.

    Општина Пехчево и Симитли ќе ги превенираат природните катастрофи на територија од двете општини во прекуграничниот регион, на територија од 800 км2 со корисење на високотехнолошки информациски технологии, ГИС, ГПС и сателитски податоци, како и со зајакнување на капацитетите на засегнатите страни, ќе работат на зачувување на природните ресурси и заштита на животната средина.

    Во склоп на проектот ,, Заеднички истражувања со цел апликативна примена во зачувување на природните ресурси и заштита на животната средина во пограничниот регион меѓу општините Пехчево и Симитли ’’, финансиран преку ИПА програмата за меѓугранична соработка помеѓу Република Македонија и Бугарија, беше одржанa завршна прес конференција.

    Во иднина ингеренција на локалната самоуправа е јавно да ги објави податоците од Географскиот информативен систем преку интернет, а со тоа ќе се овозможи непречен и брз пристап до податоците од кој најголем бенефит ќе имаат граѓаните на Пехчево и Симитли.

    Вкупниот буџет на проектот е 99.250 евра, а финансиран преку ИПА програмата за меѓугранична соработка помеѓу Република Македонија и Бугарија.

    Во склоп на проектот ,, Заеднички истражувања со цел апликативна примена во зачувување на природните ресурси и заштита на животната средина во пограничниот регион меѓу општините Пехчево и Симитли ’’, финансиран преку ИПА програмата за меѓугранична соработка помеѓу Република Македонија и Бугарија, беше одржанa завршна прес конференција.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...