По повод одбележување на Детската недела, денеска во основното училиште „Ванчо Китанов“ -Пехчево беа реализирани повеќе активности меѓу кои и пригодна приредба за прием на првачињата во Детската организација.
Во сите држави членки на Обединетите нации првата полна недела од месецот Октомври е почеток на детската недела, по тој повод во училиштето ,, Ванчо Китанов ’’се организираше свечена програма на која што учениците од прво одделение го дадоа своето ветување и беа примени во светската детска организација.
На свеченоста присуствуваше и градоначалникот на Општина Пехчево Игор Поповски, која ги поздрави учениците и воспитно-образовниот кадар.
Деновиве, кога со низа активности ја одбележуваме Светската недела на детето, не смееме да заборавиме дека училиштето е нивниот втор дом. Патот до успехот е безусловно зависен и од квалитетното школување. Вложувањето во децата е вложување во иднината. Сите деца имаат право да живеат во демократско и хумано општество, во кое постојат услови младите од сите возрасти, па и оние најмалите, добро да се подготват за предизвиците и промените со кои ќе се судрат во утрешнината која доаѓа, истакна Поповски.
Првачињата ја положија свечената заклетва и со читање на детските права свечено беа примени во Детската организација.