11.7 C
Pehčevo

    Турнир во мал фудбал одржан во Пехчево

    Датум:

    Под покровителство на Општина Пехчево, во спортската сала ,, Јане Сандански ‘‘ – Пехчево, се одржа турнир во мал фудбал, кој е од посебен интерес за градот и привлече огромно внимание.

    Под покровителство на Општина Пехчево, во спортската сала ,, Јане Сандански ‘‘ - Пехчево, се одржа турнир во мал фудбал, кој е од посебен интерес за градот и привлече огромно внимание.

    На турнирот се собраа сите љубители на фудбалот. Беа пријавени 22 екипи, кои покажаа доста атрактивен и непредвидлив фудбал, интересен за око, кој беше неизвесен до самиот крај. Двата тима кои останаа да се натпреваруваат во финалето се ,, Шопо ‘‘ од Делчево и ,, Патриот ‘‘ од село Панчарево – Пехчево, кои во финалната битка ги одмерија силите и завршија со резултат 1:1, а на пенали победи ,, Шопо ‘‘ од Делчево.

    ,, Спортот ги обединува луѓето без разлика на која раса и нација им припаѓаме. Овој денешен настан е од посебен интерес на градот, привлече доста внимание и голем број на посетители и натпреварувачи од цела Македонија. Ова е дел од афирмацијата на програмата за спортско – културните содржини во општината. Ваквите натпревари се од големо значење затоа што придонесуваат за размена на искуства и знаења за спортот. Ќе имаме интересни натпревари, нека победат најдобрите ‘‘, истакна градоначалникот Поповски.

    По завршувањето на турнирот беа доделени награди и дресови за најдобрите.

    Под покровителство на Општина Пехчево, во спортската сала ,, Јане Сандански ‘‘ - Пехчево, се одржа турнир во мал фудбал, кој е од посебен интерес за градот и привлече огромно внимание.

    Под покровителство на Општина Пехчево, во спортската сала ,, Јане Сандански ‘‘ - Пехчево, се одржа турнир во мал фудбал, кој е од посебен интерес за градот и привлече огромно внимание.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 34-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА за Урбанистички проект вон опфат

    Бр.11-1510/4 Од  27.02.2025                                                                       Врз основа на член 62 став...

    Дневен ред за 33-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....