-2 C
Pehčevo

    Туристичката населба Равна река во Пехчево добива канализационен систем и пречистителна станица за отпадни води

    Датум:

    Изградбата на канализационен системи во туристичката населба Равна река е еден од приоритетите на општина Пехчево, којa веќе започна да се реализира.

    Канализација Равна река1

    На овој туристички бисер кој во последно врмеме е главен адут за развојот на туризмот во општината започна изградбата на комуналната инфраструктура, поточно започна изградбата на канализационен систем и пречистителна станица за отпадни води.

    Средствата за изградба на канализациониот систем на Равна река, се обезбедени од страна на Владата на Република Македонија, преку Министерството за транспорт и врски и општина Пехчево, со вкупна вредност од 11.650.570 денари.

    Градоначалникот Драган Тренчовски истакна дека со поставувањето и на канализационата мрежа Равна река ќе добие категорија на висока инфраструктурна уреденост, спремна да ги пречека новите инвеститори.

    Канализација Равна река2

    Во Туристичката населба Равна река има водовод, но за изградбата на комплетната инфраструктура во населбата планираме да инвестираме многу средства, со што ќе се прошири сообраќајницата, ќе се изгради водоводна инсталација, атмосферска и фекална канализација, веќе има  електроенергетска мрежа, планираме да обезбедиме телекомуникациска инфраструктура, да ги реконструираме патеките кои водат до прекрасните водопади, како и улично осветлување. Со тоа Равна река ќе стане функционална целина која со своите карактеристики ќе може да им посака добредојде на сите потенцијални инвеститори во Пехчево, рече градоначалникот Тренчовски.

    Инаку, изградбата на канализационата мрежа во оваа фаза е во должина од 1892 метри, а ќе се градат два дела во населбата, односно 5 крака. Изведувач на работите е фирмата МИНК-ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ с.Батинци-Скопје.

    Канализација Равна река

    Со изградбата на оваа фаза на канализациониот систем ќе бидат опфатени преку 70 викендици и над 150 градежни парцели.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...