Екипа од Општина Пехчево и ЈКП ,, Комуналец “ се на терен и го санираат свлечиштето на патот Пехчево – Равна река, кој утрово се случи и го оневозможи одвивањето на сообраќајот кон оваа туристичка населба. Местото кое утринава беше блокирано почна да се санира во 9 часот.
Работниците со соодветна механизација уште веднаш излегоа на терен и почнаа да го санираат патот. Во моментов, сообраќај е затворен и се работи на прилагодување на патот. За неколку часа се очекува да се стабилизира состојбата и да се започне со санација на патот, со што сообраќајот на патот Пехчево – Равна река ќе се одвива без ограничување, истакна градоначалникот Поповски.
Според работниците кои се ангажирани во санирањето, свлечиштето е предизвикано од голема количина вода, поради обилните врнежи.
Општина Пехчево апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни при движењето по овој пат, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја прилагодат брзината на движење кон условите на патот.