-2.6 C
Pehčevo

    Одбележан Светскиот ден на книгата и авторското право во Пехчево

    Датум:

    По повод Светскиот ден на книгата и авторското право Матичната библиотека ,, Кочо Рацин ’’ - Пехчево, традиционално секоја година го одбележува овој ден. Оваа година по повод Светскиот ден на книгата и авторското право 23 Април, вчера во Домот на културата ,, Јане Сандански ’’, а во организација на Матичната библиотека ,, Кочо Рацин ’’ се одржа трибина на тема ,, Креирање на позитивната енергија за 7 дена ’’ од Ниче Димовски.

    По повод Светскиот ден на книгата и авторското право Матичната библиотека ,, Кочо Рацин ’’ – Пехчево, традиционално секоја година го одбележува овој ден.

    Оваа година по повод Светскиот ден на книгата и авторското право 23 Април, вчера во Домот на културата ,, Јане Сандански ’’, а во организација на Матичната библиотека ,, Кочо Рацин ’’ се одржа трибина на тема ,, Креирање на позитивната енергија за 7 дена ’’ од Ниче Димовски.

    Со неколку збора за авторот и содржината на делата на Ниче, најпрвин пред присутната публика се обрати В.Д директорката на библиотеката Габриела Костадинова.

    Пред поголем број на почитувачи на неговите дела меѓу кои беше и градоначалникот на општина Пехчево Игор Поповски, свое обраќање имаше и самиот автор Ниче Димовски.

    По повод Светскиот ден на книгата и авторското право Матичната библиотека ,, Кочо Рацин ’’ - Пехчево, традиционално секоја година го одбележува овој ден. Оваа година по повод Светскиот ден на книгата и авторското право 23 Април, вчера во Домот на културата ,, Јане Сандански ’’, а во организација на Матичната библиотека ,, Кочо Рацин ’’ се одржа трибина на тема ,, Креирање на позитивната енергија за 7 дена ’’ од Ниче Димовски.

    Тој истакна дека вистината ја открива во книгите кои ги пишува,како лично доживување во соочувањето со предизвикот меѓу смртта и животот.

    -Во моите дела, преголема е љубовта за Македонија. Мојата перцепција ги покрива сите црни мисли против неа и ја рехабилитира, ја возобновува Македонија! Се друго е шпекулација. Војната ја победувам со мирот, омразата со љубовта, болеста со самодовербата, желбата со силата на волјата. Тоа се пораките во мислите кои ги пренесувам, во делата кои ги пишувам. Какви и да сме по боја, луѓе сме, ама нема срам дека сме бели, убави и Македонци! Радост е за мене преголема, затоа што интимното, од Бога благословено, за вистината, со сите го споделувам“ вели популарниот мислител, деец и писател Ниче Димовски.

    Авторот вели дека во втората книга ,, Вистината на вечноста ’’ има три работи кои скоро и да не можат да се сретнат во светската литература. Првата е : патување во матичниот свет по смртта. Втората е : присуството на сопствениот погреб и најважната третата, како за седум дена да научите да бидете нешто за кое секој човек сонува.

    Ниче Димовски

    Овој популарен мислител, деец и писател, кој има објавено повеќе читани книги во кои се занимава со психологијата на поединецот и вистинските вредности во животот и досега го практикуваше „Нано-Ниче метод“ во рамки на својата духовна терапија предвидена за седум дена.

    По завршувањето на трибината Ниче оствари средба со своите читатели и на љубителите на неговите дела им потпиша неколку примероци од своите книги.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...