Општина Пехчево ќе гради транспарентна и отчетна политика кон невладиниот сектор.Во рамки на таа политика градоначалникот на општина Пехчево, Драган Тренчовски, денес оствари средба со граѓански и невладини организации од општината.
Од оваа година, концептот на работа во соработка со невладиниот сектор, ќе се движи во една насока на постојана перманентна комуникација, за сите проблеми во сите сектори, на нивно укажување, за подобрување на одредени состојби.
Градоначалникот на општина Пехчево, го изрази своето задоволство за присуството на граѓанските и невладините организации, од кои во иднина очекува креативни предлози и проекти посветени во сите области.
– Одлично е што сме денеска заедно, да ги разгледаме можностите, за подобра соработка со сите невладини организации кои сакаат да се занимаваат со екологија, климатски промени и др.,а како локална самоуправа ќе преземеме и дополнителни активности во сите области. Целта на средбата е да ги мотивираме невладините организации да работат во интерес на заедницата и да бидат партнер на општината во креирањето на нејзините развојни политики, истакна градоначалникот Тренчовски.
Членовите на НВО секторот се заблагодарија за приемот од страна на градоначалникот и изразуваат надеж за одлична соработка со општината и ја искористија можноста да го информираат градоначалникот со досега реализираните проекти и активности, како и со програмите за работа во наредниот период.