-2 C
Pehčevo

    „Спортот и семејните вредности“ – многу дружба и задоволни семејства во Спортската сала „Македонски Бранители“ – Берово

    Датум:

    Спортот и семејните вредностиСпортската сала при СОУ„Ацо Русковски“, Берово – „Македонски Бранители“ беше местото каде учениците заедно со своите родители и наставници, во рамки на проектот „Спортот и семејните вредности“ спортуваа и се забавуваа. Овој проект, во кој сите се победници и чија основна цел е да се промовира спортот и да се стимулираат граѓаните преку спортот и спортските активности да се дружат повеќе меѓусебно и да се зајакнат врските во семејството, се реализираше под покровителство на Агенцијата за млади и спорт, Сојузот на спортски федерации на Р.Македонија, општина Пехчево и општина Берово.

    Децата од основните училишта од Пехчево и Берово се натпреваруваа во штафета, балансирање со топка, игра на прецизност, ракомет, фудбал и други забавни игри.

    Спортот и семејните вредности3Првиот човек на општина Пехчево, градоначалникот Поповски се заблагодари на Агенцијата за млади и спорт што ја одбрале Малешевијата како дестинација за реализација на овој благороден проект, со кој како што рече ќе се придонесе за создавање на стабилни и силни врски помеѓу родителите и децата. Спортот ја имаа таа моќ, да ги зближува луѓето и ваквите проекти се добредојдени секогаш.

    Настанот го отвори директорот на АМС, Марјан Спасески кој изрази задоволство од масовноста и од подготвеноста на посетителите да спортуваат и низ заедничка дружба да ги промовираат спортските принципи.

    Спортот и семејните вредности2На натпреварот учествуаа и дечињата од ООУ.„Ванчо Китанов“ од Пехчево. Сите дечиња се победници односно победи спортот победи другарувањето, победи забавата.

    Спортот и семејните вредности1Дечињата освен спомените од убавото дружење, со себе сите понесоа и награди – подароци од покровителите, по една ташничка со знамето на Македонија и топки за нови спортски игри, предизвици и дружења.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...