4.6 C
Pehčevo

    Соопштение за јавноста – Водата за пиење од локалните водоводи во с. Панчарево и с. Црник не е за пиење

    Датум:

    Општина Пехчево ја информира јавноста дека согласно на податоците за извршените испитувања на водата за пиење од страна на ЈЗУ Центар за јавно здравје Кочани, водата за пиење од локалните водоводи во с.Црник и с.Панчарево НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ.

    Во земените примероци од водата од локалните водоводи во с.Црник и с.Панчарево согласно на испитаните параметри за бактериолошка анализа е пронајдено зголемено присуство на колиформни бактерии и соодветно на тоа се препорачува водата да не се користи за пиење, лична хигиена, миење на свежо овошје и зеленчук и подготовка на храна.

    Се препорачува за потребите на населението водата од локалните водоводи во с.Црник и с.Панчарево пред користење да се преврива барем 10 минути.

    Општина Пехчево превзема вонредни мерки за заштита на населението од заразни болести и подобрување на кавалитетот на водата за пиење и соодветно на тоа на 27.11.2021 година (сабота) во периодот од 10:00 – 14:00 часот  од страна на ЈКП Комуналец Пехчево ќе се спроведе вонредно чистење и филтрирање на локалните водоводи во с.Црник и с.Панчарево.По постапката на филтрирање, водата за пиење од локалните водоводи во с.Црник и с.Панчарево нема да може да се користи (освен како техничка вода) во текот на следните 24 часа.

    Општина Пехчево во соработка со ЈЗУ Центар за јавно здравје Кочани продолжува да врши анализи на исправноста и квалитетот на водата за пиење и соодветно за тоа веднаш по вонредното третирање (чистење и хлорирање на системите на локалните водоводи во с.Црник и с.Панчарево) ќе изврши и вонредна проверка и анализа на водата за пиење во овие населени места.

    Општина Пехчево е силно посветена на решавањето на проблемот со квалитетот и квантитетот на водата за пиење во селските населби кои не се приклучени на системот за снабдување со кој стопанисува ЈКП Комуналец Пехчево и оттаму единствено решение за надминување на тековните проблеми со осцилациите во исправноста на водата за пиење во с.Црник и с.Панчарево е изградба/доградба на водоснабдителни системи во овие населни места и нивно превземање за управување и контрола од страна на ЈКП Комуналец Пехчево.

    Целото соопштение може да го видите тука

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...