0.3 C
Pehčevo

    Соопштение од Општина Пехчево во однос на сe помасовното труење на кучиња – скитници во градот

    Датум:

    opstina-slika-630x330Општина Пехчево иако досега, неколку пати упати апел, повторно апелира до несовесните граѓани да не ги трујат кучињата и мачките скитници, бидејќи поставувањето отровни мамки претставува голема опасност за децата, граѓаните и домашните миленици.

    „Деновиве сме сведоци на расфрлани отрови на одреден реон. Извршено е свирепо труење на животни, а индиректно загрозени се и многу дечиња. Апелираме, ова да запре веднаш.

    Општина Пехчево, досега ги има превземено сите законски мерки кои и стојат на располагање за решавање на проблемот со кучињата бездомници. Спроведена е јавна набавка за ангажирање на шинтерска служба, со цел обезбедување на хуман третман на животните и безбедно секојдневие на граѓаните.

    Општина Пехчево за да ги извршува законски надлежности има склучено договор за собирање, згрижување и стручен третман на кучиња скитници во општина Пехчево согласно Законот за заштита и благосостојба на животните со АД.Ветеринарно сточарски центар „Тодор Велков“ од Куманово која заловените кучиња ги транспортира во прифатилиште во Куманово и таму ги спроведува сите постапки предвидени со законот.

    Во име на поефективно решавање на проблемот, ги повикуваме останатите институции кои се надлежни при законските прекршувања, да ги превземат сите расположливи законски средства и во најбрз рок да го/ги откријат лицето/лицата кои го извршил(е) расфрлањето на отровот и со истите да се постапи согласно позитивните законски прописи на државата.“ се вели во соопштението на Општината.

    Од полициската станица велат дека се трага по сторителот/сторителите на овој грозоморен чин. Покрената е истрага од страна на сите инстутуции задолжени за разрешување на случајот и во најскоро време ќе се добијат детални информации кои ќе бидат пласирани во целост до јавноста.

    Исто така, комуналната инспекција на општина Пехчево постојано е на терен и патролира по зелените површини, како и на локациите каде е забележана ваква појава, меѓутоа многу е тешко да се откријат кои се сторителите и да се пријават во полиција.

    Инаку отровот со кој се отровени кучињата, може да биде опасен и по животот и здравјето на граѓаните.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...