4.6 C
Pehčevo

    Со повеќе активности Пехчево ќе го одбележи Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни несреќи-17 ноември

    Датум:

    Во рамки на глобалните напори за зголемување на безбедноста на сообраќајот на патиштата и намалување на сообраќајните незгоди со фатални последици, Организацијата на Обединетите нации, го прогласи 17 ноември, како светски ден за одбележување и сеќавање на жртвите во сообраќајните незгоди.

    Во рамки на глобалните напори за зголемување на безбедноста на сообраќајот на патиштата и намалување на сообраќајните незгоди со фатални последици, Организацијата на Обединетите нации, го прогласи 17 ноември, како светски ден за одбележување и сеќавање на жртвите во сообраќајните незгоди.

    Следејќи ги светските и европските искуства, улогата на општините во унапредувањето на безбедноста на сообраќајот е многу значајна.

    Поради тоа, општина Пехчево во соработка со: Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, Министерството за образование, Дирекцијата за заштита и спасување, Итната медицинска помош, Црвен Крст, по трет пат иницира одбележување на светски ден за сеќавање на жртвите од сообраќајните незгоди во општината.

    На 17.11.2015 година во општина Пехчево се предвидени главните активности за одбележување на Светскиот ден на жртвите во сообраќајот на патиштата, а кои треба да влијаат врз јавноста во општината и да предизвикаат намалување на жртвите во сообраќајот на патиштата.

    Општина Пехчево ве поканува да присуствувате заеднички да го одбележиме Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајните незгоди.

    17.11.2015 година (вторник) почеток 09:00 часот

    – Мерење на крвен притисок и шеќер во крв (за сите возрасти) – Здравен дом – Пехчево;
    – Делење на информативен материјал за стари лица од страна на волонтери во Црвен крст – Берово;
    – Сообраќајна контрола од страна на полициски службеници (делење на едукативен и информативен материјал од областа на безбедноста на сообраќајот на патиштата);

    19.11.2015 година (четврток)

    На ден 19.11.2015 година (четврток), после наставната програма за учениците во ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево ќе им се одржи сообраќајно едукативно предавање од страна на полициски службеници, за основните правила и прописи за безбедно учество во сообраќајот и ќе им се укаже на ризикот со кој се соочуваат најранливите категории на учесници во сообраќајот: пешаци, велосипедисти и деца.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...