По повод Нова Година библиотеката„Кочо Рацин“ подготви повеќе активности.
Распиша ликовен и литературен конкурс на тема „Новогодишна бајка“, додели дипломи и ги награди читателите рекордери за 2014 година и додели благодарници на членовите на Управниот одбор на библиотеката, на дел од советниците при Совет на Општина Пехчево, на своите соработници и на градоначалникот Игор Поповски.
„Како што стрелките на часовникот полека одминуваат, како што ѕвездите на небото полека се сокриваат некаде далеку зад облаците, како што почетокот ја развива кулминацијата, а таа го создава расплетот и доаѓа крајот, така и активностите што библиотеката цела година ги подготвуваше за вас се ближат кон крај„- го започна својот говор В.Д. Директорката Габриела Костадинова, која ги поздрави гостите при салата во ООУ„Ванчо Китанов“ во Пехчево.
На литературниот конкурс беа наградени следните ученици. Првото место го делат Евгенија Пандова и Симона Ризовска. Второто место го делат Клара Бојчовска и Зорка Велковска. И третото место го делат Марија Богдановска и Златка Поповска. А пофалници добија Стефанија Вангелова, Михаела Костовска и Драгана Сапаловска.
На ликовниот конкурс од ООУ„Ванчо Китанов“ беа наградени следните ученици. Првото место го делат Наде Бакаловска и Тамара Јосифовска. Второто место го делат Марко Пандов и Павле Михаиловски. И третото место го делат Стефанија Тиловска и Елена Митревска. Пофалени ученици се Маринела Секуловска, Рахела Исава и Јована Миовска. Од гимназијата „Ацо Русковски“- Берово првото место го делат Сандра Стојановска и Нина Павловска. Второто место го делат Марија Китановска и Јован Божановски. Третото место го делат Џесика Јовановска и Васвија Дестановска. А пофалени ученици се Елена Каракашевска, Анастасија Андонова и Тамара Попчевска.
По доделувањето на голем број награди директорката Габриела им се заблагодари на присутните гости им ја честита Новата Година и Божиќните празници и им вети дека и во наредната 2015 година сите тие активности ќе продолжат со исто толкав голем интензитет како и досега.