0.9 C
Pehčevo

    Се одржа трибина во Пехчево на тема „Малешевските планини-природни аптеки за добро здравје“

    Датум:

    Во салата при Здравен дом-Пехчево се одржа трибина на тема „Малешевските планини-природни аптеки за добро здравје,“ чиј главен носител е Организација на жени-Пехчево, во соработка со Матична библиотека „Кочо Рацин“.

    „Животот донесува убави мигови, но за таа убавина потребно е да ја уживаме довербата на  луѓето кои навистина го разбираат трудот кој го трошиме за нив и возвраќаат со иста мера, во спротивно сета убавина на животот нема никаква смисла.“- истакна директорката Габриела Костадинова и со тоа ги поздрави присутните гости за топло добредојде. Посебно му се заблагодари на  гостинот примариус м-р Илчо Захариев кој зборуваше на оваа трибина. Директорката и даде збор на примариус, др.Нада Симовска-претседателка на ОЖП како главен носител и организатор на трибината. Др. Нада истакна дека како дел од активностите што ги спроведува ОЖП е и проектот „Пехчевци горди со водопадите и Равна Река“. Тоа е проект од програмата за зачувување  на природата финансиски подржана од Швајцарската развојна програма.
    Габриела истакна дека трибината се одржува и по повод 23 Април-светскиот ден на книгата и авторското право.
    Во салата при Здравен дом-Пехчево се одржа трибина на тема „Малешевските планини-природни аптеки за добро здравје,“ чиј главен носител е Организација на жени-Пехчево, во соработка со Матична библиотека „Кочо Рацин“.
    Главното внимание сепак беше насочено кон Градоначалникот на Општина Штип примариус, м-р Илчо Захариев, кој беше во улога на фармаколог и зборуваше на темата „Малешевските планини-природни аптеки за добро здравје“.
    Трибината траеше два часа и предизвика огромно внимание кај публиката. На трибината присуствуваше и Градоначалникот на Општина Пехчево Игор Поповски.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 33-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...