0.3 C
Pehčevo

    РУДНИКОТ КАЈ ПЕХЧЕВО ДОБИ ДОЗВОЛА ЗА ЕКСПЛОАТАЦИЈА

    Датум:

    Управителите на фирмата ,, Кадиица метал ’’ - Пехчево, Алексеј Страхуњин и Николајчо Николов, беа на работна средба со градоначалникот на Пехчево, Игор Поповски.

    По двегодишен застој концесионерот „Кадиица метал“ конечно може да продолжи со геолошките истражувања.

    Пехчево ќе добие рудник за бакар. По двегодишен застој, концесионерот „Кадиица метал“, што е во сопственост на руската компанија „Солвеј“, ќе може да продолжи со изработката на проектот за експлоатација.

    Договорот, со кој на „Кадиица метал“ и’ се доделува концесија за експлоатација, е потпишан вчера помеѓу Министерството за економија и „Кадиица метал“.

    „Презадоволни сме од одлуката на Владата и на Министерството со која ни се дава можност да продолжиме таму каде што застанавме пред две години. Со работите на терен, на локалитетот ’Кадиица‘ над Пехчево ќе започнеме наскоро, со крајна цел да се дефинира проектот за експлоатација. Тоа значи дека ќе работиме на доистражување на рудното тело, по што ќе следува изработка на проект кој ќе оди на конечна ревизија во Министерството за економија, а потоа очекуваме да добиеме и дозвола за експлоатација на бакарот“, вели Алексеј Стрјапунин, генерален директор на „Кадиица метал“.

    Оваа фирма е дел од семејството на руската компанија „Солвеј“, која во нашата држава ги има рудникот за бакар „Бучим“ кај Радовиш и рудникот за олово и цинк „Саса“ кај Македонска Каменица.

    Според Стрјапунин, во овој рудник ќе има работа за најмалку 300 лица, а целата инвестици за рудникот да се доведе до производно ниво ќе чини 40 милиони евра.

    „Катодниот бакар од овој рудник ќе се добива по пат на лужење, процес многу сличен на оној во новата фабрика во радовишки ’Бучим‘, а таков процес на производство на бакар е предвидено да се примени и во рудникот ’Казан Дол‘ кај Валандово. Тоа значи дека целото подрачје на кое е нашиот рудник ќе биде целосно заштитено од еколошки аспект“, посочува Стрјапунин.

    Во Пехчево не се крие возбудата и радоста од ваквата одлука на Владата.

    „Новиот рудник е наша нова надеж за економски просперитет од секаков аспект. Најважно е тоа дека ќе се отворат 300 нови работни места во нашата мала општина, во која имаме регистрирано 600 невработени лица од кои 400 се активни баратели на работа. Покрај тоа што ќе се запре процесот на миграција на младите кон европските држави, и Општина Пехчево ќе стане побогата од парите кои ќе ги добива од концесискиот надомест за експлоатација на минералните суровини. Според наши пресметки, во буџетот на Општината годишно ќе влегуваат од 500.000 до 700.000 евра. Со овие пари ќе можеме да реализираме многубројни проекти со кои ќе се подобрат условите за живот на граѓаните“, вели градоначалникот на Пехчево, Игор Поповски, кој беше најактивен во заложбите рудникот да се гради.

    Инаку, геолошките истражувања на локалитетот Кадиица започна во 2010 година и траеја до самиот крај на 2012 година. На нив „Солвеј“ потроши над четири милиони евра, но, работите беа прекинати за да се утврди дали новиот рудник евентуално би имал негативни импликации врз животната средина. Откако таквите сомнежи беа отфрлени, Владата донесе одлука за давање концесија за експлоатација.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...