-0.7 C
Pehčevo

    Прв јавен собир за изготвување на локална стратегија за климатски промени во општина Пехчево

    Датум:

    Во просториите на ресторан ,, Тропик ’’ – Пехчево беше одржан Прв јавен собир за изготвување на локалната стратегија за климатските промени во општина Пехчево.

    Во просториите на ресторан ,, Тропик ’’ - Пехчево беше одржан Прв јавен собир за изготвување на локалната стратегија за климатските промени во општина Пехчево.

    Целта на овој собир беше презентирање на проектот на УСАИД за ,, Општински стратегии за климатските промени ’’, кој во Република Македонија го имплементира Милиеуконтакт Македонија, а во нашата општина во партнерство со Центар за лековити билки и шумски плодови ,, Амброзија ’’ и општина Пехчево.

    На средбата беа присутни вкупно 70 луѓе, од кои 31 мажи и 39 жени што зборува за фактот дека заинтересираноста за оваа сериозна тема како што се климатските промени ги тангира сите граѓани на нашата општина без разлика на пол, статус или било каква друга поделеност.

    На средбата свое излагање имаа Јасминка Пашалиска – Андоновска, претседател на центар ,, Амброзија ’’ и градоначалникот на општина Пехчево, Игор Поповски, со поздравен говор кон присутните, директорот на Милиеуконтакт Македонија, Игор Славковски, кој на присутните им го претстави проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени како и целта и очекувањата на истиот. Ирена Кракутовска – локален координатор на овој проект во општина Пехчево, имаше презентација за претставување на центарот ,, Амброзија ’’ и општина Пехчево, додека Столе Георгиев – координатор на процесот Зелена агенда во овој проект присутните ги запозна со тоа што всушност претставуваат климатските промени и даде краток климатски профил на општината, како и за врска со процесот на Зелена агенда која всушност претставува алатка за изготвување на локалната стратегија за климатски промени.

    После овие презентации, се премина на делот формирање на работни групи, каде што најпрвин од страна на локалниот координатор беа презентирани резултатите од анкетниот прашалник за утврдување на вредностите во заедницата кој беше спроведен од страна на Центар ,, Амброзија ’’, помеѓу граѓаните на општина Пехчево, каде што беа издвоени 15 вредности од вкупно 31 кои граѓаните ги избрале како најприоритетни.

    Врз основа на овие 15 вредности, со нивно групирање од страна на тренерот на Милиеуконтакт Македонија, Љупчо Георгиев беа формирани четири работни групи кои ќе работат на четири области ( секоја област претставува група на вредности ) и тоа: група шуми, група водни ресурси, група земјоделство и рурален развој и група енергетска ефикасност при што сите заинтересирани граѓани се приклучија на онаа група во која сакаат и мислат дека можат да го дадат својот придонес за изготвување на Општинска стратегија за климатски промени на Пехчево.

    Во просториите на ресторан ,, Тропик ’’ - Пехчево беше одржан Прв јавен собир за изготвување на локалната стратегија за климатските промени во општина Пехчево.

    Во просториите на ресторан ,, Тропик ’’ - Пехчево беше одржан Прв јавен собир за изготвување на локалната стратегија за климатските промени во општина Пехчево.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...