-2.4 C
Pehčevo

    Прскање против комарци

    Датум:

    Општина Пехчево ја информира јавноста дека на 01.07.2022 година, (петок) во периодот од 19:00 – 04:00 часот  ќе се спроведе терестичко (од земја) третирање против комарци на територијата на општина Пехчево (Пехчево и околните населени места).

     Со третирањето ќе бидат опфатени течението на реката Писа во Пехчево, барскиот систем Езерце и сите зелени површини и улици во градот  и околината односно,  границата на третирање започнува од северо-запад од атарот на с.Чифлик и течението на река Писа во правец на Пехчево, притоа опфаќајќи ги сите зелени површини во градот, сообраќајници, места за одмор, протечни, стоечки води и сл.Од градскиот стадион и градските гробишта третирањето ќе продолжи во правец на север, северо-исток кон м.в. ,,Елата,, и с.Негрево.Во правец на југ и југо-запад третирањето ќе се спроведе во правец на индустриската зона за мало стопанство, кон месноста ,,Бодовица,, и градската депонија.

     Општината апелира пчеларите од Пехчево и околните места во периодот на третирањето да ги обезбедат своите пчелни кошници заради избегнување на можноста од негативни влијанија, односно безбедноста на пчелните семејства.

     Во случај на врнежи прскањето ќе се одложи за наредниот ден во истото време, односно доколку временската нестабилност продолжи терестичкото третирање на возрасни комарци ќе се одолжи за оној ден кога ќе се создадат услови за тоа.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Втора форумска сесија за Буџет на Општина Пехчево за 2025 година

    По оддржувањето на втората форумска сесија за Буџет на...

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила за малите пешаци“

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила...

    Покана за втора форумска сесија за буџетот на Општина Пехечево за 2025

           Почитувани граѓани,        Вашето мислење е важно!        И Вие...

    Обврски за зимскиот период

    Соопштение до јавноста Обврски за зимскиот период         Почитувани...