На ден 25.11.2015 година, со почеток во 11:00 часот во кафе бар „Square“ во Пехчево ќе се одржи завршен настан за промоција на резултатите од проектот „Промовирање на интегриран пристап за одржливо управување со карактеристичните природни ресурси во Пехчево“. За таа цел, Здружението за одржлив развој Милиеуконтакт – Македонија имплементатор на проектот ги поканува сите заинтересирани граѓани да дојдат и да се запознаат со резултатите постигнати со проектот.
На настанот ќе присуствуваат претставници на локалната самоуправа, Милиеуконтакт – Македонија како и од Програмата за зачувување на природата во Македонија.
Инаку, проектот е спроведен во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија (ПЗП), проект на Швајцарската агенција за развој и соработка кој е координиран од Helvetas Swiss Intercooperation и Фармахем. Вкупната вредност на проектот е 496.700 МКД.
Веднаш по завршувањето на настанот, организирано ќе ја посетиме велосипедската патека „Убавините на Пехчево на велосипед“, а низ истата ќе не прошетаат тимот од локални водичи во природа за општина Пехчево, кои како и патеката се само дел од резултатите од проектот.