-1.6 C
Pehčevo

    ПРОЕКЦИЈА НА ФИЛМ ЗА ВЛИЈАНИЕТО НА КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ

    Датум:

    Почитувани граѓани на општина Пехчево

     Во рамките на проектот на УСАИД – Општински стратегии за климатски промени, кој го имплементира Милиеуконтакт Македонија, а локален партнер е Центарот за лековити билки и шумски плодови Амброзија – Пехчево, само за ВАС, граѓаните на општина Пехчево за крај на 2013 година организираме  кино проекција – Караван за климатските промени.

     Целта на овој настан е јакнење на свеста на граѓаните за постоењето на климатските промени и влијанието врз секојдневниот живот.

     Настанот ќе се случи во вторник, на 17.12.2013 година со почеток во 17:30 часот во просториите на кино салата при Домот на културата Јане Сандански- Пехчево.

      Бидете и вие дел од овој настан, и преку добар филм запознајте се што се тоа климатски промени и како тие влијаат врз нашиот секојдневен живот.

     

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 33-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...