-1.8 C
Pehčevo

    Проекти од комуналната инфраструктура се предлозите на поголем број од граѓаните на форумските сесии во Пехчево

    Датум:

    Пехчево одлучува за приоритетните проекти кои ќе се најдат на листата за реализација во буџетот за 2017 година. Преку Форумите на заедницата, тие како приоритети за решавање ги побараа проектите од инфраструктурата:

    Форум-трета сесја

    Најголем број од предлозите се од групата на комуналната инфраструктура или она што е најболна точка кај сите општини, тоа е квалитетот на улиците, водоводите и канализационите системи, изјави Љупчо Каракашовски, ЛЕР Пехчево.

    До Општината стигнала листа од 32 проекти предложени од граѓаните.

    Во претходната сесија имавме големо учество од самите граѓани, предложија 30 проекти, од кои реално општината прифати 18, другите 12 ќе ги оставиме за некоја идна прилика и ќе работиме за да се создадат услови за тоа, изјави Игор Попоски, градоначалник на Пехчево.

    Форум-трета сесја

    Во Пехчево денеска се одржа 4-та форумска сесија.

    Денеска ги имаме оние како софт проекти, односно интерес на граѓаните ќе биде ставен на програмите за Локален економски развој, спорт и рекреација, образование, социјална заштита, и се надеваме дека денеска ќе добиеме исто така доволен број на граѓански идеи кои ќе бидат разгледувани на работните групи, кои ќе ги имаме за една недела, изјави Елизабета Цветановска, модератор на форумот.

    Инаку, пехчевци прв пат учесвуваат во форуми со кои го креираат буџетот на Општината. Кои проекти ќе бидат поддржани ќе се знае на идната сесија.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...