18.1 C
Pehčevo

    Продолжува кампањата за подигање на јавната свест за безбедност во сообраќајот „Почитувај ги правилата – Почитувај го животот“

    Датум:

    Кампања „Почитувај ги правилата – почитувај го животот“

    Општина Пехчево продолжи со реализација на активностите од проектот на Владата на Република Македонија „Почитувај ги правилата – почитувај го животот“. Во соработка со второ и третто одделение од ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево, со големите групи од ОЈУДГ „7 Септември“ – Пехчево како и со стручни лица од Полициската станица од општа надлежност од Општина Берово на ден 08.05.2015 година ( петок ) Општина Пехчево организираше наставен час за сообраќај во природа.

    Кампања „Почитувај ги правилата – почитувај го животот“1
    На часот стручните лица од Полициската станица од Берово, Васко Мамучевски – Командир на Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај и Соња Киријанска – Инспектор по превенција ги реализираа следниве активности:
    1. Практично покажување и објаснување на децата како се минува улицата на пешачки премин;
    2. Практично објаснување и покажување на децата како се минува улицата кога нема пешачки премин;
    3. Практично објаснување и покажување на децата како се минува улицата на крстосница;
    4. Организирање на пешачко дефиле со објаснување на децата по која страна на улицата треба да се движат и каде треба да се движат кога на улицата има тротоар и каде треба да се движат кога на улицата нема тротоар;
    5. Како се регулира сообраќајот;

    Кампања „Почитувај ги правилата – почитувај го животот“2
    Наставниот час помина многу успешно и децата и нивните наставници беа задоволни, пред се затоа што имаа можност она што во претходните неколку недели го учеле во нивните училници сега тоа да го видат и практично.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево за 2024година

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево...

    ПРОГРАМА – Ј7 за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина Пехчево за 2024 година

    ПРОГРАМА - Ј7 за одржување на јавно зеленило на...

    Програма за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрираникучиња за 2024година

    ПРОГРАМА за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и...