Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата ,, Свети Петар и Павле ‘‘ и ЈКП Комуналец и оваа година традиционално организираа празнување на големиот христијански празник Богојавление Водици.
Верниците од Пехчево ќе имаат можност да присуствуваат на осветувањето на водата во реката Писа.
По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, црквата ,, Св. Петар и Павле ’’ ќе одржи света божествена литургија. Литургијата ќе започне во 8 часот, додека чинот на фрлањето на светиот крст во водата на реката Писа е најавено за во 10 часот во центарот на Пехчево.
За сите учесници кои ќе скокаат во водата по светиот крст треба да извршат медицински преглед кај својот матичен лекар.
За најсреќниот учесник што ќе го фати богојавленскиот крст предвидени се награди од градоначалникот на општина Пехчево и црквата ,, Свети Петар и Павле ’’.
Како што е и традицијата, оној кој ќе биде најсреќен и ќе го фати крстот во реката Писа, од локалната самоуправа ќе добие LCD телевизор.
За многубројните посетители на оваа манифестација, која од година во година станува се помасовна, локалната самоуправа и оваа година обезбеди бесплатни топли пијалоци (ракија и вино) за сите присутни.
Водици или Богојавление е денот на кој според христијанското предание Јован Крстител го крстел Исус Христос во реката Јордан. Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата, а кумот се смета за духовен родител на крстениот и најблизок роднина.