-2 C
Pehčevo

    Привршуваат градежните работи околу реконструкцијата на домот во село Панчарево

    Датум:

    Дом-Панчарево

    Градоначалникот на општина Пехчево, Драган Тренчовски вчера изврши увид во градежните работи на домот во село Панчарево , кој се реконструира и адаптира, со што ќе се обезбедат услови за користење на салата за разни манифестации и настани.

    Дом Панчарево.

    Реконструкцијата на објектот е во завршна фаза. Село Панчарево заслужува да има ваков репрезентативен и мултифункционален објект кој ќе биде во интерес на сите жители на селото и на сите граѓани на општината за локален културен развој на општината.

    Дом Панчарево

    -Овој проект е по долгогодишно барење на сите жители на селото и еве веќе сме во завршна фаза да го реализираме. Се заложив и ветив дека Домот во село Панчарево ќе го реконструираме и еве реконструкцијата е веќе при крај. Завршена е кровната конструкција на објектот, а деновиве ќе почнеме и со поставување на врати, прозорци и нов плафон во салата со што ќе се обезбедат услови за користење на салата за разни манифестации и настани, а ќе се заштитат и другите простории кои се во склоп на домот, истакна градоначалникот Тренчовски.

    Средствата за реализација на проектот се обезбедени преку Бирото за регионален развој и општина Пехчево со вкупна вредност од 2 141 622 денари. Изведувач на работите е фирмата Баџак Инженеринг ДОО Скопје.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 33-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...