-2.6 C
Pehčevo

    Повик до угостителите да бидат дел од Фестивалот на дувачки оркестри Пехчево 2017

    Датум:

    Општина Пехчево ги поканува угостителите да бидат дел од најреномираната културна манифестација во Малешевијата и поширокиот регион, 7-мото издание на Фестивалот на дувачки оркестри Пехчево 2017.

    За таа цел, Општината ги информира и повикува сите заинтересирани угостители од Пехчево и од цела Македонија да поднесат барање за закуп на простор на плоштадот Св. Петар и Павле во Пехчево најдоцна до 30.06.2017 година до 9 часот. Барањата треба да бидат поднесени во просториите на локалната самоуправа.

    На ден 30.06.2017г.(петок) во 09 часот во просториите на Општина Пехчево претставници од угостителите кои поднеле барање задолжително треба да бидат присутни поради распределувањето на парцелите.

    parceli plostad 2017-page-001

    Распределбата на парцелите ќе биде извршена на усно јавно наддавање одделно за секоја парцела со следните почетни цени по парцели:

    -Јавно наддавање за парцела број 1, со површина од 55м2 со почетна цена од 300 денари за м2 дневно;

    -Јавно наддавање за парцела број 2, со површина од 51м2 со почетна цена од 300 денари за м2 дневно;

    -Јавно наддавање за парцела број 3, со површина од 55м2 со почетна цена од 250 денари за м2 дневно;

    -Јавно наддавање за парцела број 4, со површина од 21м2 со почетна цена од 200 денари за м2 дневно;

    -Јавно наддавање за парцела број 5, со површина од 52м2 со почетна цена од 200 денари за м2 дневно;

    -Јавно наддавање за парцела број 6, со површина од 50м2 со почетна цена од 250 денари за м2 дневно;

    -Парцела број 7, со површина од 62 м2 со цена од 0 денари за м2 дневно се доделува на проектoт за прекугранична соработка Македонија-Бугарија ,,Платформа за меѓуграничен фестивалски туризам на полето на културата и традициите – фолклор,, No: CB006.1.21.166. Во случај оваа парцела да биде откажана од проектот за прекугранична соработка Македонија-Бугарија, си останува почетната цена за јавно наддавање од 300 денари за м2 дневно, а за проектот за прекугранична соработка Македонија-Бугарија се доделуваат 100 м2 на парцела број 19 по цена од 0 ден. за м2.

    -Јавно наддавање за парцела број 8, со површина од 62м2 со почетна цена од 300 денари за м2 дневно;

    -Јавно наддавање за парцела број 9, со површина од 60 м2 со почетна цена од 300 денари за м2 дневно;

    -Јавно наддавање за парцела број 10, со површина од 70 м2 со почетна цена од 300 денари за м2 дневно;

    -Јавно наддавање за парцела број 11, со површина од 65 м2 со почетна цена од 150 денари за м2 дневно;

    -Јавно наддавање за парцела број 12, со површина од 66 м2 со почетна цена од 150 денари за м2 дневно;

    -Јавно наддавање за парцела број 13, со површина од 61 м2 со почетна цена од 60 денари за м2 дневно;

    -Јавно наддавање за парцела број 14, со површина од 58 м2 со почетна цена од 60 денари за м2 дневно;

    -Јавно наддавање за парцела број 15, со површина од 58 м2 со почетна цена од 60 денари за м2 дневно;

    -Јавно наддавање за парцела број 16, со површина од 46 м2 со почетна цена од 60 денари за м2 дневно;

    -Јавно наддавање за парцела број 17, со површина од 45 м2 со почетна цена од 60 денари за м2 дневно;

    -Јавно наддавање за парцела број 18, со површина од 57 м2 со почетна цена од 60 денари за м2 дневно;

    -Јавно наддавање за парцела број 19 (паркингплац), со површина од 900 м2 со почетна цена од 20 денари за м2 дневно.

    Барањето може да се пополни во локалната самоуправа на пријавницата или може да се симне и од веб- страницата на Општината, www.pehcevo.gov.mk

    Подетални информации можат да се добијат и во Одделението за урбанизам или на тел: 033/441-321.

    pokana final 2017Општина Пехчево , како и претходните години, очекува голем интерес од угoстителите, поради самиот факт што за време на овој четиридневен настан, се очекуваат над 60 илјади гости да го посетат Пехчево. Една од целите на фестивалот, покрај афирмација  на дувачките оркестри од земјава, е и да придонесе во промоцијата на Пехчево со сите свои природни убавини како дел од Малешевијата и да стане задолжителна туристичка дестинација во летниот период што од друга страна ќе донесе и добар економски бенефит за локалната економија.

    Фестивалот ќе се одржува од 13 до 15 јули, веќе е договорен настапот на познати македонски естрадни звезди, а за Павловден, кога е и празникот на градот, ќе биде организиран и традиционалниот саем на ракотворби.

    БАРАЊЕ – За користење на простор пред деловни простории и простор на јавни површини и плоштади пдф

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...