-2 C
Pehčevo

    Повик до угостителите да бидат дел од Фестивалот на дувачки оркестри Пехчево 2016

    Датум:

    Фестивал логоОпштина Пехчево ги поканува угостителите да бидат дел од најреномираната културна манифестација во Малешевијата и поширокиот регион, 6-то издание на Фестивалот на дувачки оркестри Пехчево 2016.

    За таа цел, Општината ги информира и повикува сите заинтересирани угостители од Пехчево и од цела Македонија да поднесат барање за закуп на простор на плоштадот Св. Петар и Павле во Пехчево најдоцна до 06.07.2016 година до 11 часот. Барањата треба да бидат поднесени во просториите на локалната самоуправа.

    Парцели плоштад фестивал

    На ден 06.07.2016г.(среда) во 11 часот во Салата за состаноци при Општина Пехчево претставници од угостителите кои поднеле барање задолжително треба да бидат присутни поради распределувањето на парцелите.

    Барањето може да се пополни во локалната самоуправа на пријавницата или може да се симне и од веб- страницата на Општината, www.pehcevo.gov.mk

    Подетални информации можат да се добијат и во Одделението за урбанизам или на тел: 033/441-321.

    Општина Пехчево , како и претходните години, очекува голем интерес од угoстителите, поради самиот факт што за време на овој четиридневен настан, се очекуваат над 80 илјади гости да го посетат Пехчево. Една од целите на фестивалот, покрај афирмација  на дувачките оркестри од земјава, е и да придонесе во промоцијата на Пехчево со сите свои природни убавини како дел од Малешевијата и да стане задолжителна туристичка дестинација во летниот период што од друга страна ќе донесе и добар економски бенефит за локалната економија.

    Покана фестива 2016Фестивалот ќе се одржува од 13 до 16 јули, веќе е договорен настапот на познати македонски естрадни увезди, а за Павловден, кога е и празникот на градот, ќе биде организиран и традиционалниот саем на ракотворби.

    БАРАЊЕ – За користење на простор пред деловни простории и простор на јавни површини и плоштади пдф

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...