-2 C
Pehčevo

    Потпишан Меморандумот со Владата за изградба и реконструкција на улици во градот Пехчево

    Датум:

    Општина Пехчево се најде на листата на општини, кои добија финансиски средства за реконструкција на улици и патишта. Во рамки на Проектот за подобрување на општински услуги (МСИП), преку Министерството за финансии, а со поддршка на Светска банка ќе се реконструираат улици во градот Пехчево.

    02032020_vrsm_potpisuvanje_memorandum_za_sorabotka_so_site_opstini_i_grad_skopje_2

    Градоначалникот на општина Пехчево, Драган Тренчовски, денес во Владата на РСМ заедно со градоначалниците од 80 општини и градот Скопје, потпиша Меморандумот за разбирање со општините за реализација на Проектот за поврзување локални патишта со кој Пехчево добива неповратни над 600 000 евра за изградба и рeконструкција на локални патишта и улици.

    Денешното потпишувањето на Меморандумот за соработка со сите општини во државата, претставува официјализација на соработката и почеток на реализација на проектот кој изнесува 70 милиони евра и предвидува реконструкција и изградба на 450 километри локални патишта во државата.

    02032020_vrsm_potpisuvanje_memorandum_za_sorabotka_so_site_opstini_i_grad_skopje_4

    Во рамките на овој проект, Општина Пехчево во првата фаза аплицираше за реализација на потпроектите за реконструкција на улиците во централното градско подрачје. Проектите се предвидени за тендерирање од страна на Министерството за транспорт и врски во текот на 2020 година.

    Преку Проектот за поврзување локални патишта, Пехчево добива 600 000 евра или околу 37 милиони денари што се случува за прв пат во историјата на градот да се алоцираат толку средства за патна инфраструктура. Изразуваме голема благодарност до Владата за оваа значајна поддршка и најавуваме изградба и реконструкција на патната инфраструктура во градот и населените места во општината, со што значително ќе го подобриме квалитетот на животот на граѓаните.

    Проектот завршува во 2024 година и е резултат на Договорот за заем потпишан од Министерството за финансии и Светска банка, а крајни корисници се сите општини од РСМ. Проектот покрај општествената одговорност има за цел подобрување на пристапот на граѓаните до услугите и објектите од јавен интерес, како и зголемување на мобилноста и безбедноста во сообраќајот.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...