Општина Пехчево ги информира граѓаните и посетителите дека се воведува посебен режим за работа на паркот Езерце кој ќе биде отворен секој ден од 8 часот наутро до 23 часот навечер. Оваа мерка се воовдедува со цел да се спречат можни повреди, несаканите појави на кражби и уништување на урбаната опрема во паркот, на кои сме сведоци изминатиов период.
Очекуваме граѓаните да го почитуваат работното време во спортивно ќе бидеме приморани да пристапиме кон репресивни мерки согласно со нашите ингеренции и законски прописи.
Ви благодариме на разбирањето.
Со почит,
Градоначалник на Општина Пехчево
Игор Поповски