-0.5 C
Pehčevo

    Поповски со честитка за Денот на македонската револуционерна борба

    Датум:

    Градоначалник ПехчевоГрадоначалникот на општина Пехчево, Игор Поповски, по повод одбележувањето на државниот празник 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба упати честитка до граѓаните на Република Македонија.

    -Денес со особен пиетет и голема радост го прославуваме Денот на македонската револуционерна борба, одбележувајќи ја 121-годишнината од формирањето на македонската револуционерна организација со која започна организираната борба на македонскиот народ за слобода и создавање на своја независна држава. Создавањето на револуционерната организација беше инспирирано од слободарските идеали на целокупниот народ и во неа се вградија луѓе од различни социјални слоеви, со различна верска и етничка припадност и со различни политички идеологии.

    Македонската револуционерна борба донесе многу жртви, непоколебливост и хероизам кој ни е оставен во завет, нам, на сегашните македонски граѓани, како и на идните генерации. Денес кога ги уживаме плодовите на револуционерната борба во слободна и независна Република Македонија имаме заедничка цел да продолжиме по патот на развојот и напредокот, создавајќи модерна и просперитетна држава.

    Сплотени продолжуваме напред! Нека е честит празникот, Денот на македонската револуционерна борба.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 33-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...