-5 C
Pehčevo

    Покана за шеста сесија од Буџетскиот форум на заедницата во Општина Пехчево

    Датум:

    Буџетски форум - ПлакатПочитувани,

    Имаме чест и задоволство да Ве поканиме на VI-та (последователна) сесија од Буџетскиот форум на заедницата Општина Пехчево, која ќе се одржи 20.02.2017 (понеделник) во хотел “ГОГОВ”  со почеток од 12:00 часот.

    Општина Пехчево во периодот Јуни 2016 – Февруари 2017 го реализира проектот за имплементација на Буџетски форум во општина Пехчево во рамки на Програмата „Форуми во заедницата“, која има за цел да го зајакне граѓанското учество во процесот на донесување на одлуки на локално ниво, да се подобрат партнерствата помеѓу локалните субјекти и да се изнајдат поефикасни решенија за проблемите од интерес на целата заедница.

    Донесувањето на т.н “граѓански буџет” во формат на структурирани форумски сесии за партиципирање на широк опфат на категории на граѓани и др. интересни групи значи соработка на општинската администрација и на институциите на Локалната самоуправа со граѓаните за донесување, односно усвојување на општински буџет во кој се вклучени граѓанските предлози и иницијативи.

    Проектот е поддржан од Швајцарската агенција за соработка и развој (SDC) ,  Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) и Единицата за координација на форумите (ЕКФ).

    ДНЕВЕН РЕД

    12:00 – 12:15 Добредојде на присутните ,

     

    Претставување на целите наVIтатаФорумска Сесија

     

    12:15– 12:25 Преглед на буџетскиот форумски процес

    (фази на 5 те сесии )

     

    12:25– 12:40 Презентација на резултатите од форумскиот процес

     

     

    12:40 – 13:05 Информација за предлозите произлезени од граѓаните на форумскиот процес (вклучени во Програмите на Општина Пехчево за 2017 година)

     

    13:05 – 13:15 Обраќање на Градоначалникот на Општина Пехчево

    Г-дин Игор Поповски

     

    13:15 – 13:20  

    Затварање на последователната форумска сесија

     

     

    13:20 – Коктел

     

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...