11.5 C
Pehčevo

    Пехчево утре слави 75 години од ослободувањето

    Датум:

    Покана 7 септемвриПочитувани сограѓани,

    Општина Пехчево Ве поканува да присуствувате на свеченостите организирани по повод 75-годишинината од ослободувањето на Пехчево, 7 Септември и Денот на независноста на Република Северна Македонија, 8 Септември.

    Во рамките на одбележувањето на 7 Септември, ќе се одржи и Свечена седница на Советот на Општина Пехчево со почеток од 10:30 часот во Домот на културата „Јане Сандански“ на која ќе бидат доделени и општинските награди „7 Септември“.

    Оваа година општински награди за 7 Септември ќе добијат:

    *Горан Јордев – најуспешен млад бизнисмен за 2019 година во општина Пехчево

    *Кирил Гогов – најуспешен спортски и туристички работник и голем поддржуач на општина Пехчево

    *Димитар Сасански – Истакнат музички работник во општина Пехчево

    *Јовевски Митко – Истакнат планинар, промотор на планинарството во општина Пехчево

    *Коле Колев – Медицински работник во општина Пехчево

    *Хотел „Гогов“ – Туристички бренд и промотор на туризмот во општина Пехчево

    *Андреј Симевски – Спортист на годината во општина Пехчево

    *Пехчево на Точак – Настан на годината во општина Пехчево

    *Јован Станоевски – (постхумно) Иноватор во областа на дрвнопреработувачката индустрија

    *Иван Георгиев (постхумно) Заслужен за развојот на здравството во општина Пехчево

    *Димитар Веселински – промотор, заслужен за историјатот на Пехчево

    *Олгица Митровска – Ученик на генерација, при ООУ„Ванчо Китанов“ – Пехчево, за учебната 2018/2019 година

    *Габриела Костадинова – Поетеса и истакната работник во областа на литературата и културата

    *ОЈУДГ. „7 Септември“ – Пехчево – успешна соработка со општина Пехчево

    *ООУ. „Ванчо Китанов“ – Пехчево – успешна соработка со општина Пехчево

    *ПШС. „Равна Рака“ – Пехчево – долгогодишната соработка со општина Пехчево  и развојот на шумарството и институционалното решавање на предизвиците кои ги диктира грижата за шумите и шумарството во општината

    Програма:

    10:00 – Полагање на свежо цвеќе пред споменикот на Ванчо Китанов

    (Плоштад Пехчево)

    • Свечена седница на советот на општина Пехчево

    (Сала при Дом на култура „Јане Сандански“ – Пехчево)

    • Обраќање на Градоначалникот на Општина Пехчево г-дин Драган Тренчовски
    • Настап на децата од детската градинка ОЈУДГ „7 Септември“ – Пехчево
    • Доделување на благодарници и плакети
    • Откривање на паното Успешни жени во општина Пехчево (говорници: градоначалник Драган Тренчевски и Носител на проектот проф.Елица Николовска)
    • Коктел

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево за 2024година

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево...

    ПРОГРАМА – Ј7 за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина Пехчево за 2024 година

    ПРОГРАМА - Ј7 за одржување на јавно зеленило на...

    Програма за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрираникучиња за 2024година

    ПРОГРАМА за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и...