0.8 C
Pehčevo

    Пехчево очекува илјадници гости. Започнува одбројувањето до стартот на најголемата забава во Малешевијата-Фестивалот на трубите

    Датум:

    Пехчево-ФестивалПехчево подготвено за 8-мото издание на Фестивалот на трубите, кој прерасна во бренд на Малешевијата и на Македонија. Од четврток 12 јули па се до 14 јули сабота, ќе се одржи најголемиот и најатрактивен фестивал на овие простори Фестивалот на дувачки оркестри Пехчево 2018. Во Пехчево ќе ечи од трубите до доцна во ноќта, а ќе има богата музичка програма која ќе ги задоволи вкусовите на сите генерации.

    Организаторот и годинава се потруди да обезбеди богата музичка програма, истакна Живко Каликов соработник за односи со јавноста во општината.

    – Оваа година ќе има безброј изненадувања, новитети, прекрасна музичка програма и одлична незаборавна забава. Ќе има музика за сите генерации од најмалите до највозрасните за да може секој да се пронајде во репертоарот.

    Работното време на сите угостителски објекти ќе биде продолжено до 3 часот наутро, а прераспределен е и просторот за штандовите за скара, вкусна пехчевска храна, пиво итн. каде општината понуди 19 парцели со различна квадратура, истакна Каликов.

    Фестивалот ќе има беспрекорна организација и дека се решава и проблемот со паркинг-просторот, а во функција на фестивалот се ставени и сите сместувачки капацитети во Пехчево.

    -Што се однесува до паркинзите и режимот на сообраќај ќе бидат максимално регулирани, нема да има никаков проблем во однос на паркирање на возилата и проодот за гостите до плоштадот Св.Петар и Павле каде ќе биде поставена прекрасната бина.

    Сакаме и да ги известиме посетителите дека во Пехчево сите сместувачки капацитети, како хотелско и приватното сместување се скоро резервирани. Пред се би сакале да ги поздравиме генералните спонзори на Фестивалот Хотел „Гогов“, „Кит-Го“ маркети , ДИК„Фагус“ – Пехчево како и другите спонзори кои и оваа година допринесоа да ја збогатиме програмата, истакна Каликов.

    festival trubi 2018

    Фестивалот започнува на 12 јули со утринско будење по дел од улиците низ Пехчево, додека на сцената ќе настапат Хари Мата Хари, Амадеус Бенд од Србија, Александра Јанева. Исто така, се најавуваат и ревијални концерти на дувачки оркестри од Македонија, Србија и Бугарија, меѓу нив Џамбо Агушеви, Уска-кан, Млади Агушеви, Бојан Ристич од Србија, Битолски дувачки оркестар, дувачки оркестар „Сенад Бенд“ и др.-додава Каликов.

    Овој фестивал за многу оркестри претставуваше своевиден катапулт за да излезат од анонимноста , но и промоција на квалитетот на оркестрите. Фестивалот по квалитетот се издигна и во меѓународни рамки, па има огромен интерес на летната сцена на пехчевскиот плоштад и од оркестри од други држави.

    Традицијата на дувачките оркестри во Малешевијата, општина Пехчево успеа успешно да ја спакува како едиствен фестивал во земјава и туристичка понуда во летниот период во Пехчево.

    Пехчево, подготвено ги очекува сите добронамерници и љубители на трубата.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...