4.6 C
Pehčevo

    Пехчево ќе подготвува интегриран план за локален развој (2019/2022)

    Датум:

    Вчера во просториите на ООУ.„Ванчо Китанов“ во Пехчево се одржа работен состанок за иницирање на процесот на Интегрирано планирање на локалниот развој во општина Пехчево, на кои беа поканети разни целни групи од општината. Интегрираното планирање на локалниот развој  во Пехчево ќе претставува како еден вид платформа која ги вклучува јавниот, приватниот и невладиниот сектор во заедничка акција за севкупен локален развој, ставајќи акцент на реализација на приоритетни проекти за економскиот развој на општината.

    план за локален развој1

    Неопходноста од овој состанок со повеќе целни групи од општината за изработка на еден документ за планирање на локалниот развој во општината со приоритетни проекти на жителите на општината е од огромна важност. Целта ни е да се индефикуваат клучните проблеми со кои се соочуваат жителите на општина Пехчево и повеќегодишно да ги определиме генералните насоки за развојот на општината.

    -Интегрираниот план за локален развој во општина Пехчево (2019/2022) ќе ги идентификува проблемите и потребите на бизнис секторот, граѓанскиот сектор, јавниот сектор и врз основа на индетификуваните проекти да се изнајдат решенија за нивна реализација. Целиот процес ќе помогне за подобрување на животот на сите граѓани, затоа што ќе се работи за пронаоѓање на институционален начин како да се надминат сите предизвици на локално ниво.

    Освен тоа, со вклучување на сите важни чинители во заедницата, ние заеднички ќе обезбедиме можност директно да се посочат најприоритетните проекти, односно она што им недостасува на сите граѓани и во соработка со локалната самоуправа да се стават во документ кој ќе обврзува подобрување на животот на граѓаните, услугите кон нив, но и бизнис климата на локално ниво, истакна градоначалникот Драган Тренчовски.

    план за локален развој

    Овој план за локален развој на Пехчево, треба да придонесе за остварување на визијата на општина Пехчево, преку остварување на различни цели, кои претставуваат мерки за решавање на најгорчливите проблеми со кои се соочува Општина Пехчево.

    Со цел поквалитетно изработување на Планот за локален развој  во Пехчево, вклучени се сите заинтересирани структури на општината.

    Инаку, овој план е финансиран со средства од Европска унија, а се имплементира од страна на УНДП.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...