-0.7 C
Pehčevo

    Пехчево ќе биде домаќин на пинг понгарскиот камп „Пехчево 2020“

    Датум:

    Пинг понг

    Пехчево во периодот од 24 Август до 2 Септември ќе биде домаќин на пинг понгарскиот камп Пехчево 2020. Пинг понгарската федерација на Македонија предводена од претседателот Горан Тиловски, продолжувајќи го својот тренд на промоција на пинг понгот како спорт во својата програма има за цел сите настани кои се во нејзина организација или коорганизација да бидат организирани во места ширум целата држава. Така да во блиското минато случувањата во пинг понгот покрај во главниот град Скопје, се одржуваа во Прилеп, Штип, Битола, Крива Паланка, Битола…

    Меѓународната пинг понгарска федерација на овој камп го испраќа французинот Николас Гигон, ИТТФ експерт за обука на тренери, додека за време на одржувањето на кампот покрај претседателот на пинг понгарската федерација Горан Тиловски, ќе присуствува и генералниот секретар на МОК Сашо Поповски.

    Кампот ќе се состои од два дела: Семинар за тренери и пинг понгарски тренинг камп за млади играчи, присутни ќе бидат повеќе од 30 учесници.

    Живко Каликов одговорен за односи со јавноста во општина Пехчево, информира дека настанот ќе ја зголеми заинтересираноста на жителите на Пехчево, Берово и другите околни градови за пинг понгот и дека за време на целокупниот настан ќе се почитуваат сите заштитни мерки за заштита на здравјето на учесниците.

    – За пинг понгарскиот камп кој е заеднички проект на пинг понгарската федерација, македонскиот олимписки комитет и меѓународната пинг понгаска федерација, за место на одржување е одбрана општината Пехчево. За време на одржувањето на кампот ќе се почитуваат сите препораки и протоколи на здравствените власти за борба против пандемијата предизвикана од КОВИД 19. За таа цел се набавени сите заштитни средства и средства за дезинфекција. На сите учесници пред почетокот на секоја тренинг сесија и сесиите на семинарот ќе им биде измерена телесна температура, со цел максимално да се заштити здравјето на учесниците на кампот, рече Живко Каликов.

    Се надеваме дека овој настан ќе ја зголеми заинтересираноста на жителите на Малешевијата за пинг понгот и во блиска иднина да бидеме сведоци на формирањето на пинг понгарски клуб кој ќе се натпреварува во републичкото првенство во пинг понг, додава Каликов.

    Организацијата на овој камп е овозможена благодарение на средствата добиени од олимпискиот фонд за солидарност, а по добивањето на информацијата дека во Пехчево ќе се одржи пинг понгарски камп, организацијата на кампот ја помогна и општина Пехчево. Исто така кампот доби поддршка од Кожувчанка, компанија која и во минатото излегувала во пресрет и давала поддршка на спортските настани организирани од пинг понгарската федерација.

    Учесниците на пинг понгарскиот камп Пехчево 2020 година ќе бидат сместени во хотелот Гогов – Пехчево.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...