-2.5 C
Pehčevo

    Пехчево го одбележа денот на ослободувањето на градот 7 Септември

    Датум:

    Општина Пехчево го одбележа Денот на ослободувањето на градот, а како и секоја година, беа доделени признанијата 7-ми Септември.

    Општина Пехчево го одбележа Денот на ослободувањето на градот, а како и секоја година, беа доделени признанијата 7-ми Септември.

    Во рамки на одбележувањето на 7 Септември, чествувањето започна во 10 часот пред Споменикот на Ванчо Китанов, каде цвеќиња положија, сестрата на Ванчо Китанов, делегација од локалната самоуправа, Советот на општина Пехчево, делегација од детската градинка ,, 7 Септември ’’ и ООУ. ,, Ванчо Китанов ‘‘.

    Општина Пехчево го одбележа Денот на ослободувањето на градот, а како и секоја година, беа доделени признанијата 7-ми Септември.

    Општина Пехчево го одбележа Денот на ослободувањето на градот, а како и секоја година, беа доделени признанијата 7-ми Септември.

    Настаните за чествување на Денот на ослободување на Пехчево – 7 Септември продолжи со свечена седница на Советот на Општина Пехчево на која Претседателот на советот, Стојче Стефановски кој меѓу другото се задржа на историските прилики кои водеа до ослободувањето,  зборуваше за развојот на Пехчево од ослободувањето па се до денес и за значењето на 7 Септември.

    Општина Пехчево го одбележа Денот на ослободувањето на градот, а како и секоја година, беа доделени признанијата 7-ми Септември.

    Свое обраќање имаше градоначалникот на општина Пехчево, Игор Поповски, кој на сите граѓани на Пехчево им го честиташе Денот на ослободувањето на градот:

    ,, Денес се навршуваат 69 години од денот кога жителите на Пехчево  ја дочекаа и ја славеа слободата, 7 септември далечната 1944 година, која не потсетува на храброста и борбата на сите наши предци-пехчевци, ни дава поттик да продолжиме да си ја зачуваме храброста како одлика, да продолжиме да ја чуваме слободата и да се трудиме заеднички и денес и утре да ја остваруваме генералната визија за поквалитетен живот на сите наши сограѓани, и за просперитетна и прогресивна општина.

    Од тој ден, Пехчево пулсира како слободен град и се движи по патеката на својот постојан развој. Затоа и денес, гордо живееме тука. Тука сме да ја оддадеме нашата длабока почит на сите оние кои го дадоа својот живот за слободата на Пехчево и на сите преживеани борци, кои пред нас и овој пат сведочат за еден од најсветлите денови од историјата на нашиот град.

    Извојуваната слобода е дело на целиот македонски народ па затоа таа мора да се чува како најголема светост од сите и во сите времиња.

    Нека ни е честит денот на ослободувањето на Пехчево 7 Септември ‘‘ – истакна градоначалникот на општина Пехчево, Игор Поповски, а воедно на детската градинка ,, 7 Септември ‘‘ им го честиташе патрониот празник, а на сите грагани на Република Македонија им го честиташе утрешниот ден 8 Септември , 22 години од независноста на Република Македонија.

    Општина Пехчево го одбележа Денот на ослободувањето на градот, а како и секоја година, беа доделени признанијата 7-ми Септември.

    Меѓу другото, тој се задржа и на проектите кои се остварија во неговиот мандат како и тековните активности и идни проекти кои ќе обезбедат развој на градот.

    По повод 7 Септември, Денот на ослободувањето на градот на свечената седница, градоначалникот и претседателот на Советот им ги доделија  традиционалните признанија на заслужни фирми во општината:

    Плакетата за заслужна фирма оваа година и припадна на компанијата ,, Ино слај ‘‘ – Пехчево;

    Општина Пехчево го одбележа Денот на ослободувањето на градот, а како и секоја година, беа доделени признанијата 7-ми Септември.

    Плакета за фирма со најголем допринос и соработка со општината доби ,, Стопанска Банка ’’- АД Скопје;

    Општина Пехчево го одбележа Денот на ослободувањето на градот, а како и секоја година, беа доделени признанијата 7-ми Септември.

    Плакета за најуспешна фирма и припадна на ,, Милениум 20-ти век ’’ – Пехчево;

    Општина Пехчево го одбележа Денот на ослободувањето на градот, а како и секоја година, беа доделени признанијата 7-ми Септември.

    Плакета за фирма со најголем придонес за општина Пехчево, доби ,, Ивел Стојан ‘‘ – Пехчево.

    Општина Пехчево го одбележа Денот на ослободувањето на градот, а како и секоја година, беа доделени признанијата 7-ми Септември.

    Настаните за чествување на Денот на ослободување на Пехчево продолжи со свечено пуштање на интернет клуб, кој е во соработка со Министерството за информатичко општество и општина Пехчево.

    ,, Интернет клубот од понеделник ќе работи постојано,  сите оние кои не можат да користат интернет во домашни услови, тоа ќе можат да го прават овде во центарот на градот бесплатно, рече градоначалникот Поповски.

    Општина Пехчево го одбележа Денот на ослободувањето на градот, а како и секоја година, беа доделени признанијата 7-ми Септември.

    Во рамки на централната манифестација по повод одбележувањето на 69-годишнината од ослободувањето на Пехчево, чествувањето продолжи во преубавиот двор на детската градинка ,, 7 Септември ’’, каде традиционално на овој ден секоја година по повод патрониот празник на Детската градинка, беше организиран коктел на кој беа поканети сите граѓани на Пехчево.

    Општина Пехчево го одбележа Денот на ослободувањето на градот, а како и секоја година, беа доделени признанијата 7-ми Септември.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...